Изреки
29 Човекот кој останува тврдоглав* иако повеќепати бил укоруван
ќе го стигне ненадејна пропаст и ќе му нема спас.
2 Кога има многу праведници, народот се радува,
а кога владее злобен човек, народот воздивнува.
3 Кој ја сака мудроста, го радува својот татко,
а кој оди со блудници, го расфрла своето богатство.
4 Царот со правда ја утврдува својата земја,
а оној што бара мито ја урива.
5 Оној што му ласка на својот ближен
му распнува мрежа за нозете.
6 Лошиот човек паѓа во замката на сопствените престапи,
а праведниот пее и се радува.
7 На праведниот му се важни правата на сиромашните,
но злобниот воопшто не го интересира тоа.
9 Кога мудар човек се впушта во спор со безумник,
безумникот вика и се подбива, а за мудриот нема мир.
12 Кога владетелот слуша лаги,
сите негови слуги стануваат злобни.
13 Сиромашниот и угнетувачот имаат нешто заедничко:*
Јехова и на двајцата им дава светлина во очите.*
14 Ако царот им суди праведно на бедните,
неговиот престол ќе стои засекогаш.
16 Кога злобните се множат, се множат и престапите,
а праведните ќе ја видат нивната пропаст.
19 Слугата не може да се поправи со зборови,
зашто, иако ги разбира, не сака да послуша.
20 Си видел ли човек брз на јазик?
Повеќе надеж има за безумникот отколку за него.
21 Слугата кој е разгален уште од мали нозе
на крајот ќе стане неблагодарен.
22 Човекот што лесно се лути предизвикува караница;
оној што е избувлив прави многу престапи.
23 Гордоста го понижува човекот,
а на понизниот ќе му биде укажана чест.
24 Кој соработува со крадец, се мрази себеси.
Кога ќе го викнат да сведочи,* не кажува ништо.
27 Неправедниот човек им е одвратен на праведните,
а оној што е чесен им е одвратен на злобните.