3. Мојсеева
15 Јехова понатаму им рече на Мојсеј и на Арон: 2 „Кажете им на синовите на Израел и речете им: ‚Кога некој човек има излив+ од половиот орган, неговиот излив е нечист. 3 Во ова се состои неговата нечистотија ако го има тој излив: сеедно дали неговиот полов орган го испушта изливот или изливот од половиот орган му е препречен, неговата нечистотија е на него.
4 Секоја постела на којашто ќе легне оној што има излив нека биде нечиста, и секој предмет на којшто ќе седне нека биде нечист. 5 Човекот што ќе се допре до неговата постела нека си ја испере облеката, нека се искапе во вода и нека биде нечист до вечерта.+ 6 Кој ќе седне на предметот на којшто седел оној што има излив, нека си ја испере+ облеката, нека се искапе во вода и нека биде нечист до вечерта. 7 И кој ќе се допре до телото на оној што има излив,+ нека си ја испере облеката, нека се искапе во вода и нека биде нечист до вечерта.+ 8 Ако оној што има излив плукне на некој што е чист, тој нека си ја испере облеката, нека се искапе во вода и нека биде нечист до вечерта. 9 И секое седло+ на кое јавал оној што има излив нека биде нечисто. 10 И кој ќе се допре до нешто што го имал овој под себе, нека биде нечист до вечерта. Кој ќе понесе такво нешто, нека си ја испере облеката, нека се искапе во вода и нека биде нечист до вечерта. 11 И секој до кого се допрел оној што има излив,+ а не си ги измил рацете во вода, нека си ја испере облеката, нека се искапе во вода и нека биде нечист до вечерта. 12 Земјениот сад до кој се допрел оној што има излив да се скрши,+ а секој дрвен+ сад да се измие со вода.
13 Ако оној што има излив се очисти од својот излив, нека изброи седум дена за своето очистување.+ Нека си ја испере облеката и нека си го искапе телото во вода од поток,+ и ќе биде чист. 14 А во осмиот ден нека земе две грлици+ или два млади гулаба, па нека дојде пред Јехова на влезот од шаторот на средбата и нека му ги предаде на свештеникот. 15 Свештеникот нека ги принесе — едното како жртва за грев, а другото како жртва паленица+ — и нека го изврши за него пред Јехова обредот на очистување поради неговиот излив.
16 Кога на човек ќе му истече семе,+ нека си го искапе целото тело во вода и нека биде нечист до вечерта. 17 Секоја облека и секоја кожа на која ќе истече семе нека се испере со вода и нека биде нечиста до вечерта.+
18 Ако човек легне со жена, па му истече семе, двајцата нека се искапат во вода и нека бидат нечисти+ до вечерта.
19 Кога некоја жена има излив, и тоа излив на крв од телото,+ нека биде нечиста седум дена поради месечниот ред.+ И кој ќе се допре до неа, нека биде нечист до вечерта. 20 На што и да легне таа додека е нечиста поради месечниот ред, тоа нека биде нечисто,+ и на што и да седне, тоа нека биде нечисто. 21 Кој ќе се допре до нејзината постела, нека си ја испере облеката, нека се искапе во вода и нека биде нечист до вечерта.+ 22 И кој ќе се допре до каков и да е предмет на којшто седела таа, нека си ја испере облеката, нека се искапе во вода и нека биде нечист до вечерта.+ 23 И ако седела на постела или на некој друг предмет, оној што ќе се допре до тоа+ нека биде нечист до вечерта. 24 Ако маж легне со неа, па нечистотијата од месечниот ред дојде на него,+ нека биде нечист седум дена, и секоја постела на која ќе легне тој нека биде нечиста.
25 Ако жената крвави многу денови+ подолго од вообичаеното време на својата месечна нечистотија, или ако крвавењето ѝ трае подолго отколку што трае периодот на месечната нечистотија,+ тогаш сите денови во кои има нечисто крвавење се сметаат за денови на нејзината месечна нечистотија. Жената е нечиста. 26 За секоја постела на која ќе легне во кој и да е ден од своето крвавење важи истото како и за постелата во времето на нејзината месечна нечистотија.+ И секој предмет на којшто ќе седне нека биде нечист како што е нечист и во времето на нејзината месечна нечистотија. 27 Кој ќе се допре+ до нив, нека биде нечист. Нека си ја испере облеката, нека се искапе во вода и нека биде нечист до вечерта.
28 Но, ако таа се очисти од своето крвавење, нека изброи седум дена, а потоа нека биде чиста.+ 29 На осмиот ден нека земе две грлици+ или два млади гулаба и нека му ги донесе на свештеникот на влезот во шаторот на средбата.+ 30 Свештеникот нека го принесе едното како жртва за грев, а другото како жртва паленица.+ И нека го изврши за неа пред Јехова обредот на очистување+ поради нејзиното нечисто крвавење.
31 Одвраќајте ги синовите на Израел од нивната нечистотија, за да не загинат во својата нечистотија затоа што го оскверниле мојот свет шатор што е меѓу нив.+
32 Тоа е законот за човек што има излив,+ за човек кому му истекло семе,+ па поради тоа станал нечист, 33 за жена која е нечиста поради својот месечен ред,+ за секој што има излив+ — било машко било женско — а и за човек што ќе легне со нечиста жена‘ “.