На управителот. Псалм од синовите на Кореј,+ за „Девојките“. Песна.
46 Бог ни е прибежиште и сила,+
помош која лесно се наоѓа во неволја.+
2 Затоа нема да се плашиме, дури и земјата да се преобрази+
и планините да се затресат и да се урнат во срцето на големото море,+
3 и неговите води да се разбрануваат, да се запенат,+
и планините да се потресат од неговиот татнеж.+ (Села)
4 Постои река чиишто потоци го радуваат Божјиот град,+
најсветото величествено живеалиште на Севишниот.+
5 Бог е среде тој град,+ затоа нема да се разниша.+
Бог ќе му помогне наутро кога ќе се раздени.+
6 Народите се вознемирија,+ царствата се разнишаа.
Тој го пушти гласот, земјата почна да се топи.+
7 Јехова над војските е со нас,+
Богот на Јаков е за нас сигурна тврдина на високо место.+ (Села)
8 Дојдете, гледајте ги делата на Јехова,+
зачудувачките работи што ги направи на земјата!+
9 Ги прекинува војните до крајот на земјата.+
Го крши лакот, го здробува копјето,+
со оган ја пали колата.+
10 „Покорете се и сознајте дека јас сум Бог!+
Ќе се возвишам меѓу народите,+
ќе се возвишам на земјата.“+
11 Јехова над војските е со нас,+
Богот на Јаков е за нас сигурна тврдина на високо место.+ (Села)