2. Царевите
24 Во негово време, дојде Навуходоносор,+ вавилонскиот цар, и Јоаким му беше слуга+ три години. Потоа се побуни против него и се одметна. 2 И Јехова испраќаше против Јоаким чети од халдејски разбојници,+ од сириски разбојници, од моавски разбојници+ и чети од разбојници од Амоновите синови. Ги праќаше против Јуда за да го уништи, според Јеховината реч+ што ја објави преку своите слуги, пророците. 3 Тоа го снајде Јуда затоа што Јехова нареди така за да го отфрли+ од пред своето лице поради гревовите на Манасија,+ поради сето она што го направи 4 и поради невината крв+ што ја пролеа, кога го наполни Ерусалим со невина крв. Затоа Јехова не сакаше да му прости.+
5 Останатата историја на Јоаким+ и сѐ што правеше тој, зар не е сето тоа запишано во летописите+ на царевите на Јуда? 6 На крајот, Јоаким почина кај своите прататковци,+ а на негово место почна да владее неговиот син Јоахин.
7 А египетскиот цар не излегуваше повеќе+ од својата земја,+ зашто вавилонскиот цар зеде сѐ што му припаѓаше на египетскиот цар,+ од долината на реката Египет+ до реката Еуфрат.+
8 Јоахин+ имаше осумнаесет години кога почна да владее, и владееше три месеци во Ерусалим.+ Мајка му се викаше Неуста и беше ќерка на Елнатан од Ерусалим. 9 Тој го правеше она што е зло во Јеховини очи, сѐ како што правеше и неговиот татко.+ 10 Во тоа време, слугите на Навуходоносор, вавилонскиот цар, дојдоа против Ерусалим и го опколија градот.+ 11 А и Навуходоносор, вавилонскиот цар, дојде да го нападне градот додека неговите слуги го опсадуваа.+
12 Тогаш Јоахин, царот на Јуда, излезе пред вавилонскиот цар+ со својата мајка,+ со своите слуги, со своите кнезови и со своите дворјани. И вавилонскиот цар го зароби во осмата+ година од своето царување. 13 Потоа го однесе сето богатство од Јеховиниот дом и богатството од царскиот дворец,+ и го искрши сиот златен прибор,+ кој Соломон, израелскиот цар, го беше направил за Јеховиниот храм, како што рече Јехова. 14 Го одведе во изгнанство+ целиот Ерусалим, сите кнезови,+ сите храбри јунаци,+ сите занаетчии+ и градители на тврдини — десет илјади луѓе одведе во изгнанство. Не остави никој друг освен сиромашниот народ.*+ 15 Така го одведе Јоахин+ во изгнанство во Вавилон+ заедно со мајката на царот,+ со жените на царот, со неговите дворјани+ и со најистакнатите луѓе во земјата. Сите нив ги одведе од Ерусалим во изгнанство во Вавилон. 16 Сите храбри луѓе, вкупно седум илјади, како и занаетчиите и градителите на тврдини, вкупно илјада, сите смели луѓе способни за војна, вавилонскиот цар ги одведе во изгнанство во Вавилон.+ 17 И вавилонскиот цар+ го постави Матанија, неговиот стрико,+ за цар на негово место. Нему му го промени името во Седекија.+
18 Седекија имаше дваесет и една година+ кога почна да владее, и владееше единаесет години во Ерусалим. Мајка му се викаше Амутала+ и беше ќерка на Еремија од Ливна. 19 Тој го правеше она што е зло во Јеховини очи, сѐ како што правеше и Јоаким.+ 20 Тоа што се случи во Ерусалим и во Јуда го разгневи+ Јехова па тој ги отфрли од пред своето лице.+ А Седекија се побуни против вавилонскиот цар.+