4. Мојсеева
14 Тогаш целата заедница почна да вика, и народот викаше и плачеше+ целата таа ноќ. 2 И сите синови на Израел мрмореа против Мојсеј и Арон,+ а целата заедница им велеше: „Камо да изумревме во египетската земја или барем да изумревме во оваа пустина! 3 Зошто нѐ води Јехова во таа земја да паднеме од меч?+ Нашите жени и деца ќе станат плен.+ Зарем не е подобро да се вратиме во Египет?“+ 4 Па дури си велеа еден на друг: „Да си поставиме водач и да се вратиме во Египет!“+
5 Тогаш Мојсеј и Арон паднаа ничкум+ пред целата заедница од синови на Израел. 6 А Исус, синот на Навин,+ и Халев, синот на Јефониј,+ кои беа меѓу оние што ја извидуваа земјата, ги раскинаа облеките+ 7 и на целата заедница од синови на Израел им рекоа вака: „Земјата низ која поминавме за да ја извидиме навистина е многу добра земја.+ 8 Ако сме му по волја на Јехова,+ тој ќе нѐ одведе во таа земја — земја во која тече мед и млеко — и ќе ни ја даде.+ 9 Само немојте да се буните против Јехова!+ Не плашете се од народот од онаа земја,*+ зашто можеме да го изедеме како леб! Нивното засолниште отстапило од нив,+ а со нас е Јехова.+ Не плашете се од нив!“+
10 Но целата заедница велеше дека ќе ги затрупа со камења.+ А славата на Јехова се покажа над шаторот на средбата пред сите синови на Израел.+
11 И Јехова му рече на Мојсеј: „До кога+ ќе ме презира овој народ?+ До кога нема да ми веруваат и покрај сите чуда што ги направив меѓу нив?+ 12 Ќе го удрам со помор и ќе го протерам, а од тебе ќе направам народ поголем и помоќен од нив“.+
13 Тогаш Мојсеј му рече на Јехова: „Но за тоа ќе чујат Египќаните, од чија средина ти со својата сила го изведе овој народ.+ 14 И ќе им го кажат тоа на жителите на оваа земја. Тие чуле дека ти, Јехова, си меѓу овој народ+ и дека му се јавуваш лице в лице.+ Чуле дека ти си Јехова и дека твојот облак стои над нив, дека одиш пред нив во столбот од облак дење и во столбот од оган ноќе.+ 15 Ако го погубиш овој народ како еден човек,+ тогаш народите што чуле за твојата слава ќе речат: 16 ‚Јехова не можеше да го доведе овој народ во земјата која со заклетва му ја вети, па затоа го погуби во пустината‘.+ 17 Затоа сега те молам, Јехова, нека се покаже величината на твојата сила,+ како што рече: 18 ‚Јехова, бавен на гнев+ и полн со милост,*+ кој простува престапи и вина,+ но не ослободува од казна+ и за престапите на татковците ги казнува синовите до третото и до четвртото колено‘.+ 19 Те молам, прости му ги престапите на овој народ поради својата голема милост, како што му простуваше на овој народ од Египет до сега“.+
20 Тогаш Јехова рече: „Простувам според твојот збор.+ 21 Но, како што сум жив, целата земја ќе биде полна со Јеховината слава.+ 22 А сите оние што ги видоа мојата слава+ и чудата+ што ги правев во Египет и во пустината, а сепак веќе десетпати ме искушуваа+ и не го слушаа мојот глас,+ 23 тие нема да ја видат земјата која со заклетва им ја ветив на нивните татковци — никој од оние што ме презираат нема да ја види.+ 24 А мојот слуга Халев,+ поради тоа што во него имаше поинаков дух и ме слушаше во сѐ,+ него ќе го доведам во земјата во која одеше, и неговите потомци ќе ја заземат.+ 25 Бидејќи Амаличаните и Ханаанците+ живеат во долината, утре свртете се и појдете во пустината по Црвеноморскиот пат“.+
26 И Јехова понатаму им рече на Мојсеј и на Арон: 27 „До кога ќе мрмори против мене оваа зла заедница?+ Го чув мрморењето на синовите на Израел, дека мрморат против мене.+ 28 Кажи им: ‚„Како што сум жив јас,“ вели Јехова, „ќе ви направам онака како што чув со свои уши дека зборувате!+ 29 Во оваа пустина ќе испопаѓаат вашите мртви тела+ — сите вие што сте попишани од дваесет години нагоре, кои мрморевте против мене.+ 30 И нема да влезете во земјата за која со подигната рака се заколнав+ дека ќе живеам во неа со вас, освен Халев, синот на Јефониј, и Исус, синот на Навин.+
31 А вашите деца, за кои рековте дека ќе станат плен,+ нив ќе ги воведам и тие ќе ја запознаат земјата што вие ја презревте.+ 32 А вашите мртви тела ќе испопаѓаат во оваа пустина.+ 33 Вашите синови ќе бидат овчари во пустината*+ четириесет години и ќе одговараат за вашата неверност*+ додека вашите мртви тела не пропаднат во оваа пустина.+ 34 Според бројот на деновите во кои ја извидувавте земјата — четириесет дена,+ ден за година, за секој ден по една година+ — ќе одговарате за своите престапи четириесет години,+ за да знаете што значи да се отуѓам од вас.+
35 Јас, Јехова, велам: така ќе ѝ направам на целата оваа зла заедница,+ на оние што се собраа против мене — ќе изгинат во оваа пустина, овде ќе изумрат.+ 36 А тие луѓе што Мојсеј ги испрати да ја извидат земјата и кои по враќањето ја наведоа целата заедница да мрмори против него зборувајќи лошо за земјата,+ 37 значи, луѓето што зборуваа лошо за земјата, ќе изумрат од чума пред Јехова.+ 38 А од тие луѓе што отидоа да ја извидат земјата, живи ќе останат Исус, синот на Навин, и Халев, синот на Јефониј“ ‘ “.+
39 Кога им ги кажа Мојсеј тие зборови на сите синови на Израел, народот почна многу да тажи.+ 40 И изутрината станаа рано и сакаа да се искачат на врвот од планината, велејќи: „Еве, да се искачиме на местото за кое зборуваше Јехова, зашто згрешивме“.+ 41 Но Мојсеј рече: „Зошто ја престапувате Јеховината заповед?+ Нема да успеете! 42 Немојте да одите горе зашто Јехова не е меѓу вас, за да не ве поразат вашите непријатели!+ 43 Зашто, таму пред вас се Амаличаните и Ханаанците,+ па ќе паднете од меч, бидејќи се одвративте од Јехова, и Јехова повеќе нема да биде со вас“.+
44 А тие сепак се осмелија да тргнат кон врвот од планината,+ но ковчегот на Јеховиниот сојуз и Мојсеј не се помрднаа од логорот.+ 45 Тогаш се спуштија Амаличаните+ и Ханаанците што живееја на онаа планина, удрија на нив и ги гонеа сѐ до Хорма.+