Езра
1 Во првата година на Кир,+ персискиот цар, за да се исполни Јеховината реч објавена преку устата на Еремија,+ Јехова го поттикна срцето*+ на персискиот цар Кир, па тој нареди да се објави следново и усно+ и писмено,+ по целото негово царство:
2 „Вака вели Кир, персискиот цар:+ ‚Јехова, небесниот Бог,+ ми ги даде+ сите царства на земјата и ми даде налог да му изградам дом во Ерусалим,+ во Јуда. 3 Кој е меѓу вас од сиот негов народ, неговиот Бог нека биде со него.+ И нека оди во Ерусалим, во Јуда, и повторно нека го изгради домот на Јехова, Богот на Израел — вистинскиот Бог+ — домот кој беше во Ерусалим.+ 4 И секој што останал во кое и да е место, во кое живее,+ нему луѓето од неговото место, освен со доброволните приноси+ за домот на вистинскиот Бог во Ерусалим, нека му помогнат со сребро, со злато, со имот и со стока‘ “.
5 Тогаш станаа поглаварите+ на родови на Јуда и на Венијамин, свештениците и левитите, и сите на кои вистинскиот Бог им го поттикна срцето,*+ па тргнаа да го изградат повторно Јеховиниот дом+ во Ерусалим. 6 А сите што беа околу нив им помогнаа+ со предмети од сребро, како и со злато, со имот, со стока и со скапоцености, покрај сето она што го принесуваа доброволно.+
7 Цар Кир ги изнесе предметите што му припаѓаа на Јеховиниот дом,+ кои Навуходоносор ги беше однел од Ерусалим+ и ги беше ставил во домот на својот бог.+ 8 А Кир, персискиот цар, заповеда да ги изнесат под надзор на Митредат, ризничарот, кој, пак, му ги изброи на Сасавасар,*+ поглаварот на Јуда.+
9 А еве колку прибор имаше: триесет златни кошници, илјада сребрени кошници, дваесет и девет резервни садови, 10 триесет златни чаши,+ четиристотини и десет додатни сребрени чаши и илјада други предмети. 11 Вкупниот број на златните и сребрените предмети беше пет илјади и четиристотини. Сето тоа го понесе Сасавасар+ кога ги поведе изгнаниците+ од Вавилон во Ерусалим.