1. Царевите
12 Ровоам+ отиде во Сихем, зашто во Сихем+ дојде целиот Израел за да го постави за цар. 2 За тоа чу Јеровоам,+ синот на Нават, додека уште беше во Египет. Јеровоам, имено, побегна од цар Соломон и живееше во Египет.+ 3 Тогаш испратија по него и го викнаа. Така Јеровоам и целата израелска заедница дојдоа и му рекоа на Ровоам:+ 4 „Твојот татко ни стави тежок јарем,+ а ти сега олесни ни ја+ тешката служба на твојот татко и тешкиот јарем што ни го стави тој, па ќе ти служиме!“+
5 А тој им одговори: „Одете си, па по три дена пак дојдете кај мене“.+ И народот си отиде. 6 А цар Ровоам се посоветува со постарите мажи,+ кои беа во служба на Соломон, неговиот татко, додека тој беше жив, и ги праша: „Што советувате да му одговорам на овој народ?“+ 7 А тие му одговорија вака: „Ако покажеш денес дека си подготвен да му бидеш слуга на овој народ и да му служиш,+ ако го исполниш барањето на тие луѓе и ако им се обратиш со убави зборови,+ тие ќе ти бидат слуги засекогаш“.+
8 Но тој го занемари советот што му го дадоа постарите мажи и се посоветува со младите мажи, кои пораснаа со него+ и беа во негова служба.+ 9 Ги праша: „Што советувате+ да му одговорам на овој народ, кој ми рече: ‚Олесни ни го јаремот што ни го стави татко ти‘?“+ 10 А младите мажи, кои пораснаа со него, му одговорија: „На народот кој ти рече: ‚Твојот татко ни стави тежок јарем, а ти олесни ни го‘ — кажи му вака:+ ‚Мојот мал прст е подебел од бедрата на татко ми.+ 11 Еве, татко ми ви стави тежок јарем, а јас ќе го направам вашиот јарем уште потежок.+ Мојот татко ве казнуваше со камшици, а јас ќе ве казнувам со бодликави камшици‘ “.+
12 И на третиот ден, Јеровоам и целиот народ дојдоа кај Ровоам, зашто царот рече: „Дојдете пак кај мене на третиот ден“.+ 13 Тогаш царот остро му одговори на народот,+ занемарувајќи го советот што му го дадоа постарите мажи.+ 14 Му одговори како што го советуваа младите мажи+: „Татко ми ви стави тежок јарем, а јас ќе го направам вашиот јарем уште потежок. Мојот татко ве казнуваше со камшици, а јас ќе ве казнувам со бодликави камшици“.+ 15 И царот не го послуша народот,+ зашто Јехова така ги водеше настаните.+ Јехова направи така за да го исполни својот збор+ што му го кажа на Јеровоам, синот на Нават, преку Ахија+ од Сило.
16 Кога целиот Израел виде дека царот не го послуша, народот му одговори на царот и му рече: „Што имаме ние со Давид?+ Ние немаме наследство со синот на Јесеј! Врати се кај своите богови,+ Израеле! А ти, Давиде, грижи се за својот дом!“+ И целиот Израел се разотиде по своите шатори. 17 А Ровоам владееше над Израеловите синови кои живееја во градовите на Јуда.+
18 Потоа цар Ровоам го испрати кај нив Адорам,+ кој ги надгледуваше оние што беа одредени за работа,+ но целиот Израел го затрупа со камења,+ па тој загина. А цар Ровоам успеа да се качи во колата и да побегне во Ерусалим. 19 И Израелците истрајаа во својата побуна+ против Давидовиот дом и тоа трае до ден-денес.+
20 Кога чуја дека се вратил Јеровоам, сите Израелци пратија по него и го повикаа во заедницата, па го поставија за цар над целиот Израел.+ Никој друг не му се придружи на Давидовиот дом, освен племето на Јуда.+
21 Штом стигна во Ерусалим,+ Ровоам ги собра целиот дом на Јуда и Венијаминовото+ племе, сто и осумдесет илјади одбрани луѓе способни за војна, за да се борат против Израеловиот дом и да му го вратат царството на Ровоам, синот на Соломон. 22 Тогаш на Семаја,+ Божјиот човек,+ му дојде речта на вистинскиот Бог: 23 „Кажи им на Ровоам, Соломоновиот син, царот на Јуда, и на целиот дом на Јуда и на Венијамин и на останатиот народ: 24 ‚Вака вели Јехова: „Не одете и не борете се против своите браќа, синовите на Израел!+ Вратете се секој во својата куќа, зашто тоа дојде од мене!“ ‘ “+ Тие ја послушаа Јеховината реч+ и се вратија како што им рече Јехова.+
25 А Јеровоам го утврди Сихем+ во ефремските планини и се насели во него. Потоа отиде оттаму и го утврди Фенуел.+ 26 И Јеровоам рече во своето срце:+ „Сега царството ќе му се врати на Давидовиот дом.+ 27 Ако овој народ продолжи да оди во Ерусалим да принесува жртви во Јеховиниот дом,+ срцето на овој народ ќе му се врати на нивниот господар Ровоам, царот на Јуда, па ќе ме убијат+ и ќе му се вратат на Ровоам, царот на Јуда“. 28 Откако се посоветува,+ царот направи две златни телиња+ и му рече на народот: „Претешко ви е да одите во Ерусалим. Еве го, Израелу, твојот Бог+ кој те изведе од египетската земја!“+ 29 И едното го постави во Ветил,+ а другото во Дан.+ 30 Тоа беше повод за грев,+ и народот одеше кај едното теле дури до Дан.
31 Тој направи светилиште, височинка,+ и за свештеници постави луѓе од обичниот народ, кои не беа од синовите на Леви.+ 32 Освен тоа, Јеровоам воведе празник во осмиот месец, на петнаесеттиот ден од тој месец, сличен на празникот што се славеше во Јуда,+ за да принесува жртви на жртвеникот што го направи во Ветил, да им принесува жртви на телињата што ги направи. И постави свештеници во Ветил+ за да служат на обредните височинки што ги направи. 33 Во петнаесеттиот ден од осмиот месец, месец што самиот го одреди,+ принесе жртви на жртвеникот што го направи во Ветил. И воведе празник за Израеловите синови и на жртвеникот принесуваше жртви и ги гореше.+