Езра
6 Тогаш цар Дариј издаде наредба да спроведат истрага во архивот+ на ризницата што е таму во Вавилон. 2 Во Екбатана, утврден град во покраината Медија,+ најдоа свиток во кој беше запишана следнава одлука:
3 „Во првата година на цар Кир,+ цар Кир издаде наредба за Божјиот дом во Ерусалим: домот повторно нека биде изграден како место на кое ќе се принесуваат жртви.+ Нека му бидат утврдени темелите и нека биде висок шеесет лакти* и широк шеесет лакти.+ 4 Нека има три реда дотркалани камења+ и еден ред дрва.+ Трошоците нека ги сноси царскиот дом.+ 5 Исто така, златните и сребрените садови+ од Божјиот дом, кои Навуходоносор+ ги однесе од храмот во Ерусалим и ги донесе во Вавилон, нека ги вратат и нека ги однесат во храмот кој е во Ерусалим на своето место и нека ги стават во Божјиот дом.+
6 А сега, Татанај,+ управителу од онаа страна на Реката,+ Сетар-Воснај,+ и вие, нивни другари, нижи управители+ од онаа страна на Реката, стојте подалеку од тоа место!+ 7 Дозволете да се работи на Божјиот дом.+ Еврејските управители и еврејските старешини нека го изградат повторно Божјиот дом на неговото место. 8 Еве, издавам наредба+ во врска со тоа како да постапувате со тие еврејски старешини за да се изгради повторно Божјиот дом. Од царската ризница+ за даноци од онаа страна на Реката нека им се плаќаат трошоците на тие луѓе без одлагање и непрестајно.+ 9 И што и да треба — јунци,+ овни+ и јагниња+ за жртвите паленици на небесниот Бог, пченица,+ сол,+ вино+ и масло+ — нека им се дава секој ден, според упатствата на свештениците во Ерусалим, 10 за да можат да му принесуваат+ успокојувачки жртви+ на небесниот Бог и да се молат за животот на царот и на неговите синови.+ 11 Освен тоа, издавам наредба: кој ќе ја прекрши+ оваа одредба, нему нека му извадат греда+ од куќата, па нека го обесат+ на неа, а неговата куќа, поради тоа, нека ја претворат во јавен нужник.+ 12 И Бог, кој направи неговото име+ да престојува таму, нека го собори секој цар и секој народ што ќе посегне со раката да ја прекрши оваа наредба и да го разори+ Божјиот дом во Ерусалим. Јас, Дариј, ја издавам оваа наредба. Да се изврши веднаш!“
13 Тогаш Татанај, управител од онаа страна на Реката,+ Сетар-Воснај+ и нивните другари веднаш направија така како што им заповеда цар Дариј. 14 А еврејските старешини+ градеа+ и напредуваа охрабрени од пророкувањето на Агеј,+ пророкот, и на Захарија,+ внукот на Идо.+ И довршија со изградбата по наредба на Богот на Израел+ и по наредба на Кир+ и Дариј+ и Артаксеркс,+ царот на Персија. 15 Го довршија овој дом на третиот ден од месецот адар,*+ а тоа беше во шестата година од владеењето на цар Дариј.
16 Синовите на Израел, свештениците и левитите+ и останатите повратници од изгнанство+ го отворија Божјиот дом радосно и свечено.+ 17 А на свеченоста по повод отворањето на Божјиот дом, принесоа сто јунци, двесте овни, четиристотини јагниња и, како жртва за грев за целиот Израел, дванаесет јарци, според бројот на племињата на Израел.+ 18 И ги поставија свештениците според нивните редови и левитите според нивните групи+ за да му служат на Бог во Ерусалим, како што е пропишано во книгата на Мојсеј.+
19 Повратниците од изгнанство ја прославија Пасхата+ на четиринаесеттиот ден од првиот месец.+ 20 А свештениците и левитите се очистија+ како еден, па сите беа чисти, и така ја заклаа пасхалната жртва+ за сите повратници од изгнанство, за своите браќа свештеници и за себеси. 21 Потоа синовите на Израел што се вратија од изгнанство јадеа+ со сите оние што се одвоија од нечистотијата+ на народите на таа земја и им се придружија за да го бараат Јехова, Богот на Израел.+ 22 И седум дена радосно го славеа Празникот на бесквасните лебови,+ зашто Јехова ги развесели и го обрна кон нив срцето+ на асирскиот цар за да им ги зајакне рацете во работата околу домот на вистинскиот Бог, Богот на Израел.