Давидов псалм.
א [алеф]
25 Кон тебе, Јехова, ја подигам својата душа.+
ב [бет]
2 Боже мој, во тебе имам доверба,+
не дозволувај да се засрамам.
Не дозволувај моите непријатели да извикуваат од радост над мене.+
ג [гимел]
3 Нема да се осрамоти никој што се надева на тебе.+
Ќе се осрамотат оние што залудно постапуваат неверно.+
ד [далет]
4 Дозволи ми да ги запознаам твоите патишта, о Јехова,+
научи ме за твоите патеки.+
ה [хеј]
5 Упати ме да одам во твојата вистина и поучи ме,+
зашто ти си Богот на моето спасение.+
ו [вав]
На тебе се надевам по цел ден.+
ז [заин]
6 Сети се, Јехова, на своето милосрдие+ и на својата милост,+
зашто тие постојат отсекогаш.+
ח [хет]
7 На гревовите на мојата младост и на моите престапи немој да се сеќаваш.+
Според својата милост сети се на мене,+
поради својата добрина, о Јехова.+
ט [тет]
8 Добар и праведен е Јехова.+
Затоа ги учи грешниците за правиот пат.+
י [јуд]
9 Кротките ќе ги упати за да живеат по неговиот закон,+
ќе ги учи кротките за својот пат.+
כ [каф]
10 Сите патеки на Јехова се милост и вистина
за оние што се држат за неговиот сојуз+ и за неговите опомени.+
ל [ламед]
11 Заради своето име, о Јехова,+
прости ми го престапот, зашто е голем.+
מ [мем]
12 Кој човек се бои од Јехова?+
Тој ќе го поучи кој пат да го одбере.+
נ [нун]
13 Неговата душа ќе почива во добро+
и неговото потомство ќе ја поседува земјата.+
ס [самек]
14 Јехова е близок со оние што се бојат од него+
и својот сојуз тој им го објавува.+
ע [аин]
15 Моите очи се постојано насочени кон Јехова,+
зашто тој ми ги извлекува нозете од мрежа.+
פ [пе]
16 Сврти го кон мене своето лице и смилувај ми се,+
зашто сум осамен и во неволја.+
צ [цадик]
17 Се намножија маките на моето срце,+
избави ме од мојата тегоба.+
ר [реш]
18 Види ги моите неволји и моите маки+
и прости ми ги сите гревови.+
19 Види колку се бројни моите непријатели+
и колку ме мразат со насилничка омраза.+
ש [шин]
20 Чувај ми ја душата и избави ме.+
Не дозволувај да се засрамам, зашто ти си ми прибежиште.+
ת [тав]
21 Непорочноста и справедливоста нека ме чуваат,+
зашто на тебе се надевам.+
22 Боже, искупи го Израел од сите негови неволји.+