Исаија
27 Во тој ден Јехова,+ со својот тежок, голем и јак меч,+ ќе се пресмета со левијатанот,*+ змијата што ползи,+ со левијатанот, змијата што се извива, и ќе го убие чудовиштето+ што е во морето.
2 Во тој ден пејте+ вака: „Лозјето+ дава пенливо вино. 3 Јас, Јехова, го чувам.+ Постојано ќе го залевам.+ Ќе го чувам дење и ноќе за да не го оштети никој.+ 4 Нема гнев во мене.+ Кој ќе ми даде трње+ и плевел во битката? Ќе го згазам, сето тоа Ќе го изгорам!+ 5 Подобро нека остане во моето засолниште, нека склучи мир со мене! Мир нека склучи со мене!“+
6 Во деновите што идат, Јаков ќе се вкорени, Израел+ ќе процвета и ќе нарасте. Ќе ја наполни со плод целата земја.*+
7 Мора ли да биде удиран со толку жестоки удари? Мора ли да биде поразен со толку голем колеж?+ 8 Со застрашувачки повик ќе се пресметаш со него кога ќе го истераш. Ќе го избркаш со силниот здив на својата уста во денот кога ќе задува источниот ветар.+ 9 Затоа, со ова ќе се очисти+ престапот на Јаков, и тоа ќе биде сиот плод кога тој ќе го отстрани неговиот грев,+ кога ќе направи сите камења на жртвеникот да бидат како камења од креда што се толчат во прав, така што обредните диреци*+ и кадилните сталки не ќе можат да стојат.+ 10 Зашто, утврдениот град ќе биде осамен, пасиштето ќе биде напуштено, оставено како пустелија.+ Телето ќе пасе и ќе лежи таму и ќе ги изеде неговите гранки.+ 11 Кога ќе се исушат неговите гранчиња, жените ќе доаѓаат и ќе ги кршат, со нив ќе палат оган.+ Зашто, тоа не е разборит народ.+ Затоа неговиот Творец нема да биде милостив, нема да му се смилува+ оној што го создал.
12 Во тој ден Јехова ќе ги стресе плодовите,+ од текот на Реката+ до долината на реката* Египет,+ па ќе бидете собрани еден по еден,+ о синови на Израел. 13 Во тој ден ќе затрубат во голем рог,+ и ќе дојдат оние што гинат во асирската земја+ и оние што се расеани по египетската земја,+ и ќе му се поклонат+ на Јехова на светата гора во Ерусалим.+