2. Царевите
18 Во третата година од царувањето на Осиј,+ синот на Ила, над Израел, стана цар Езекија,+ синот на Ахаз,+ царот на Јуда. 2 Имаше дваесет и пет години кога почна да владее, и владееше дваесет и девет години во Ерусалим. Мајка му се викаше Ави* и му беше ќерка на Захарија.+ 3 Тој го правеше она што е исправно во Јеховини очи,+ сето она што го правеше и Давид, неговиот прататко.+ 4 Тој ги отстрани обредните височинки,+ ги искрши обредните столбови,+ го исече обредниот дирек+ и ја скрши бакарната змија+ што ја беше направил Мојсеј,+ зашто сѐ дотогаш синовите на Израел за неа гореа приноси+ и ја викаа Нехуштан.*+ 5 Имаше доверба во Јехова,+ Богот на Израел, и како него немаше друг меѓу сите цареви на Јуда+ по него, а ни меѓу оние пред него.+ 6 Цврсто се држеше за Јехова+ и не отстапи од него, туку ги држеше заповедите кои Јехова му ги даде на Мојсеј.+ 7 И Јехова беше со него,+ та постапуваше разборито+ во сѐ што ќе преземеше. Се побуни против асирскиот цар и не му служеше повеќе.+ 8 Тој ги уби Филистејците+ до Газа+ и нејзиното подрачје, од стражарските кули+ до утврдените градови.
9 Во четвртата година од царувањето на Езекија, односно во седмата година од царувањето на Осиј,+ синот на Ила, над Израел, Салманасар,+ асирскиот цар, дојде против Самарија и ја опколи.+ 10 Ја освои+ по три години. Во шестата година од царувањето на Езекија, односно во деветтата година од царувањето на Осиј над Израел, падна Самарија.+ 11 Потоа асирскиот цар+ ги одведе Израелците во изгнанство+ во Асирија и ги насели во Халах+ и во Авор,+ на реката Гозан и во медијските градови,+ 12 затоа што не го послушаа+ гласот на Јехова, својот Бог, туку го престапија неговиот сојуз,+ сѐ што заповеда Мојсеј, Јеховиниот слуга.+ Не го слушаа тоа, ниту го извршуваа.
13 Во четиринаесеттата година од царувањето на Езекија, дојде Сенахирим,+ асирскиот+ цар, против сите утврдени градови на Јуда и ги освои. 14 Тогаш Езекија, царот на Јуда, му испрати порака на асирскиот цар во Лахис: „Згрешив! Одврати се од мене, па што и да ми наметнеш, ќе го носам“.+ А асирскиот цар побара од Езекија, царот на Јуда, триста таланти* сребро+ и триесет таланти злато. 15 И Езекија го даде сето сребро што се најде во Јеховиниот дом+ и во ризниците на царскиот дворец.+ 16 Тогаш Езекија, царот на Јуда, ги симна вратата од Јеховиниот храм+ и довратниците, кои самиот ги беше обложил со злато,+ па златото од нив му го даде на асирскиот цар.
17 А асирскиот цар+ ги испрати тартанот,*+ рапсарисот* и рапшакот*+ од Лахис+ во Ерусалим кај цар Езекија со силна војска. И тие станаа и појдоа во Ерусалим. Кога стигнаа, застанаа кај водоводот+ од горното езерце,+ на патот што води до нивата на белачот на алишта.+ 18 И го викнаа царот, но кај нив излегоа Елијаким,+ синот на Хелкија, дворски управител, Шевна,+ писарот, и Јоах, синот на Асаф, летописецот.
19 И рапшакот+ им рече: „Речете му на Езекија: ‚Вака вели големиот цар,+ царот на Асирија: „Каква е таа надеж на која се надеваш?+ 20 Ти велиш: ‚Ја имам вештината+ и силата потребна за војна‘, но тоа се само празни зборови. На кого се потпираш, па се побуни+ против мене? 21 Ете, се надеваш на поддршката од Египет,+ скршената трска,+ која му ја продупчува дланката на оној што ќе се потпре на неа. Таков е фараонот,+ египетскиот цар, за сите што се надеваат на него. 22 А ако ми кажете: ‚Се надеваме+ на Јехова,+ својот Бог‘, зарем Езекија не ги отстрани+ токму неговите височинки+ и жртвеници, па им вели на Јуда и на Ерусалим: ‚Пред овој жртвеник клањајте се во Ерусалим‘?“ ‘+ 23 Ајде обложи се+ со мојот господар, асирскиот цар: ќе ти дадам две илјади коњи, па да видиме дали ќе најдеш јавачи за нив.+ 24 Тогаш, како ќе поразиш еден единствен управител меѓу најмалите слуги на мојот господар,+ кога се надеваш дека Египет ќе ти даде коли+ и коњаници?+ 25 Впрочем, зарем јас сум тргнал да го опустошам ова место без одобрување од Јехова? Лично Јехова ми рече:+ ‚Оди против таа земја и опустоши ја!‘ “
26 Тогаш Елијаким,+ синот на Хелкија, Шевна+ и Јоах+ му рекоа на рапшакот:+ „Те молиме, зборувај им на своите слуги на сириски* јазик,+ зашто ние разбираме. Немој да ни зборуваш на хебрејски+ пред народот што е на ѕидот“. 27 Но рапшакот им рече: „Зарем ме испрати мојот господар да ви ги кажам овие зборови тебе и на твојот господар? Зарем не ме испрати кај луѓето што стојат на ѕидот, кои ќе мораат заедно со вас да го јадат својот измет+ и да ја пијат својата моч?“+
28 Потоа рапшакот, стоејќи и понатаму на тоа место, фати да вика колку што го држеше гласот и да зборува на хебрејски:+ „Чујте ја речта на големиот цар,+ царот на Асирија! 29 Вака вели царот: ‚Не дозволувајте да ве измами Езекија, зашто тој не може да ве избави од мојава рака!+ 30 Не дозволувајте да ве наговори Езекија да се надевате на Јехова,+ велејќи ви: „Јехова сигурно ќе нѐ избави+ и овој град нема да му биде предаден в раце на асирскиот цар“.+ 31 Не слушајте го Езекија, зашто вака вели асирскиот цар: „Предајте ми се мене и излезете кај мене, па секој од вас нека јаде од својата лозница и од својата смоква+ и секој од вас нека пие вода од својот бунар,*+ 32 додека да дојдам и да ве одведам во земја како вашата,+ во земја на житото и на младото вино, во земја на лебот+ и на лозјата,+ во земја на маслинките и на медот!+ Така ќе останете живи и нема да умрете. Не слушајте го Езекија, зашто тој ве заведува, велејќи: ‚Јехова ќе нѐ избави‘!+ 33 Дали некој бог на другите народи ја избави+ својата земја од раката на асирскиот цар?+ 34 Каде се боговите на Емат+ и на Арфад?+ Каде се боговите на Сефарваим,+ на Хена+ и на Ива?+ Дали ја избавија Самарија од мојава рака?+ 35 Кој од сите богови на тие земји ја избави својата земја од мојава рака,+ па сега Јехова да го избави Ерусалим од мојава рака?“ ‘ “+
36 А народот молчеше+ и не му одговори+ ни збор, зашто заповедта на царот гласеше: „Немојте да му одговарате!“+ 37 Потоа Елијаким,+ синот на Хелкија, дворскиот управител, Шевна,+ писарот, и Јоах,+ синот на Асаф, летописецот, си ги раскинаа облеките,+ па отидоа кај Езекија и му ги кажаа зборовите од рапшакот.