Малахија
1 Објава:
Речта Јеховина+ за Израел преку Малахија:
А вие велите: „Како нѐ сакаш?“+
„Не беше ли Исав брат на Јаков?“+ — вели Јехова. „Но Јаков го сакав,+ 3 а Исав+ го замразив, па неговите планини ги претворив во пустош,+ а неговото наследство во живеалиште на пустинските шакали.“+
4 „Поради тоа што Едом* вели: ‚Здробени сме, но ќе се вратиме и ќе ги обновиме опустошените места‘, вака вели Јехова над војските: ‚Тие ќе градат, а јас ќе уривам.+ И ќе ги викаат „земја на злото“ и „народ кого Јехова го осуди+ за навек“. 5 Вашите очи ќе го видат тоа и самите ќе речете: „Нека се велича Јехова низ земјата Израел.“ ‘ “+
6 „,Синот го почитува таткото+ и слугата својот господар.+ Ако сум јас татко,+ каде е почитта кон мене?+ Ако сум Господар, каде е стравот+ од мене?‘ Јехова над војските ви зборува вам, свештеници, кои го презирате моето име.+
‚А вие велите: „Како го презираме твоето име?“ ‘
7 ‚Со тоа што принесувате валкан леб на мојот жртвеник.‘+
‚И уште велите: „Со што те извалкавме?“ ‘
‚Со тоа што велите: „Трпезата+ Јеховина заслужува презир“.+ 8 И кога за жртва принесувате слепо животно, велите: „Тоа не е ништо лошо“. И кога принесувате куцо или болно животно, велите: „Тоа не е ништо лошо.“ ‘ “+
„Однеси му го, те молам, на својот управител! Ќе му угодиш ли и ќе те прими ли љубезно?“ — вели Јехова над војските.
9 „Сега, ве молам, смилостивете* го лицето+ Божје за да ни се смилува.+ Вие сте виновни за сѐ. Ќе прими ли љубезно некого од вас?“ — вели Јехова над војските.
10 „Кој од вас би сакал да ги затвори вратите+ без надоместок? Без надоместок ни оган не палите на мојот жртвеник.+ Не сте ми мили,“ вели Јехова над војските, „и жртвениот дар од вашите раце не ми е драг.“+
11 „Зашто, од сончевиот исток до неговиот запад, моето име ќе биде големо меѓу народите+ и на секое место ќе се горат приноси+ и на моето име ќе се принесува дар — чист дар.+ Зашто, моето име ќе биде големо меѓу народите“,+ вели Јехова над војските.
12 „А вие ме обесчестувате,+ велејќи: ‚Трпезата Јеховина е извалкана, и заслужуваат презир жртвите на неа, нејзината храна‘.+ 13 И велите: ‚Каква мака!‘,+ и го презирате тоа“, вели Јехова над војските. „И донесувате грабнато, куцо и болно+ — тоа го донесувате за дар! Можам ли со задоволство да го примам тоа од вашите раце?“+ — вели Јехова.
14 „Проклет да е измамникот, кој во своето стадо има здраво машко животно, а се заветува и на Јехова му жртвува животно со недостаток.+ Зашто, јас сум голем Цар,“+ вели Јехова над војските, „и името мое ќе влева страв меѓу народите.“+