Исаија
52 Разбуди се, разбуди се, облечи се во сила,+ Сионе! Облечи ги своите прекрасни облеки,+ Ерусалиме, свети граде!+ Зашто, во тебе нема повеќе да влегуваат необрежаните и нечистите.+ 2 Истреси го правот од себе,+ стани, Ерусалиме, и седни! Симни ги оковите од вратот, заробена сионска ќерко!+
3 Зашто, вака вели Јехова: „Без пари бевте продадени,+ па без пари ќе бидете и откупени“.+
4 Зашто, вака вели Севишниот Господар Јехова: „Мојот народ најпрво отиде во Египет за да се насели таму привремено.+ А Асирците го угнетуваа без причина“.
5 „А сега, што да направам?“ вели Јехова. „Зашто, мојот народ беше одведен за ништо.+ Ликуваат оние што владеат со него“,+ вели Јехова, „и постојано, по цел ден, се презира моето име.+ 6 Затоа мојот народ ќе го познае моето име,+ затоа ќе го познае во тој ден, зашто јас сум тој што го вели тоа.+ Еве, јас сум тој!“
7 Колку се убави на планините нозете+ на оној што донесува добра вест+ и објавува мир,+ донесува добра вест за нешто подобро,+ објавува спасение+ и му вели на Сион: „Твојот Бог се зацари!“+
8 Слушај! Твоите стражари+ го кренале гласот.+ Во еден глас викаат од радост, зашто со свои очи+ ќе видат како Јехова го обновува Сион.+
9 Веселете се, викајте од радост во еден глас, урнатини ерусалимски,+ зашто Јехова го утеши својот народ,+ го откупи Ерусалим!+ 10 Јехова ја откри својата света рака пред очите на сите народи,+ и сите земни краишта ќе го видат спасението од нашиот Бог.+
11 Одете си, одете си, излезете оттаму,+ не допирајте ништо нечисто!+ Излезете од него,+ бидете чисти, вие кои го носите приборот од Јеховиниот дом!+ 12 Зашто, нема да излезете во страв, ниту ќе одите бегајќи.+ Јехова ќе оди пред вас,+ Богот на Израел ќе биде стража што ве штити одзади.+
13 Гледај, мојот слуга+ ќе постапува разборито.+ Ќе биде на високо место, ќе биде воздигнат и многу возвишен.+ 14 Како што мнозина се чудеа гледајќи го+ — неговиот изглед беше изобличен+ повеќе отколку на кој и да е друг човек и неговиот достоинствен лик+ повеќе отколку на кој и да е син човечки — 15 така тој ќе вчудовиди многу народи.+ Пред него цареви ќе затворат уста,+ зашто ќе го видат она за кое не им било кажувано и ќе го слушаат она за кое никогаш не чуле.+