Изреки
25 И ова се мудри изреки на Соломон,+ кои ги препишаа луѓето на Езекија, царот на Јуда:+
2 За Бог е слава да чува некоја работа во тајност,+ а за царевите е слава да истражуваат некоја работа.+
3 Како височината на небото+ и длабочината на земјата,+ така и срцето на царевите е неистражливо.+
4 Отстрани ја запенетата згура од среброто, и тоа ќе излезе целото пречистено.+
5 Отстрани го злиот од пред царот,+ и неговиот престол ќе се зацврсти со праведност.+
6 Не величај се пред царот+ и не застанувај на местото на големците.+ 7 Зашто, подобро е тој да ти каже: „Премести се на подобро место!“+ — отколку да те понижи пред достоинственикот, кого го видоа твоите очи.+
8 Немој пребрзо да поведуваш парница за да не се запрашаш што ќе правиш на крајот, кога твојот ближен ќе те посрами.+ 9 Расправи го она што го имаш со својот ближен+ и не откривај ги туѓите тајни+ 10 за да не те посрами оној што те слуша, зашто лошиот глас што се раширил не може повеќе да се поправи.
11 Зборови кажани во право време се златни јаболка во сребрени садови.+
12 Златна обетка и украс од суво злато, тоа е оној што мудро го укорува увото што слуша.+
13 Како свежината на снегот+ во ден на жетва, таков е верниот пратеник за оние што го испраќаат, зашто ја крепи душата на своите господари.+
14 Како облаци и ветар без дожд, таков е човекот што се фали со лажен дар.+
15 Со стрпливост можеш да наговориш и заповедник, и благиот јазик коски крши.+
16 Ако најдеш мед,+ јади само колку што ти е доволно, за да не се прејадеш, па да го повратиш.+
17 Твојата нога нека стапнува ретко во куќата на твојот ближен, за да не се засити од тебе и да те замрази.
18 Човекот што сведочи лажно против својот ближен+ е како боздоган, меч и остра стрела.
19 Како скршен заб и нога што се тресе, таква е довербата во предавник во денот на неволја.+
20 Оној што ја соблекува облеката во студен ден е како киселина излеана врз лужина и како оној што му пее песни на тажно срце.+
21 Ако е гладен оној што те мрази, нахрани го со леб, и ако е жеден, напој го со вода.+ 22 Зашто, така му натрупуваш жар врз главата,+ и Јехова ќе те награди.+
23 Северниот ветар донесува пороен дожд,+ а јазикот што издава тајна донесува осуда од другите луѓе.+
24 Подобро е да живееш во аголот од покривот отколку во куќа заедно со жена кавгаџика.+
25 Она што е студената вода за уморна душа,+ тоа е добрата вест од далечна земја.+
26 Заматен извор и уништен бунар, тоа е праведникот кога се плаши од злиот.+
27 Да се јаде премногу мед не е добро.+ И кога се бара чест за себе, дали е тоа тогаш чест?+
28 Како еден град разурнат и без ѕидови, таков е човекот кој не владее со себеси.*+