2. Солуњаните
1 Павле, Силван и Тимотеј+ до собранието* на Солуњаните, кое е во единство со Бог, нашиот Татко, и со Господарот Исус Христос:
2 Бог, Таткото, и Господарот* Исус Христос нека ви дадат незаслужена доброта и мир!+
3 Должни сме секогаш да му благодариме на Бог за вас,+ браќа, како што прилега, зашто вашата вера сѐ повеќе расте+ и кај сите вас се продлабочува меѓусебната љубов.+ 4 Затоа меѓу Божјите собранија се гордееме со вас+ поради вашата истрајност и вера во сите ваши прогонства и неволји што ги поднесувате.+ 5 Сето тоа е доказ дека Бог праведно суди+ и дека ќе бидете прогласени за достојни за Божјето царство,+ за кое и страдате.+
6 Зашто, праведно е Бог да им ја врати неволјата на оние што ви нанесуваат неволја,+ 7 а вам, кои трпите неволја, да ви донесе олеснување, како и нам, кога од небото ќе се појави+ Господарот Исус со своите моќни ангели+ 8 во распламтен оган, и кога ќе изврши одмазда+ над оние што не го познаваат Бог+ и не ѝ се покоруваат+ на добрата вест за нашиот Господар Исус.+ 9 Тие ќе бидат казнети+ со вечно уништување+ и така ќе бидат оддалечени од лицето на Господарот и од неговата славна моќ,+ 10 кога тој ќе дојде да биде прославен со своите свети+ и во тој ден да му се восхитуваат сите кои поверувале, бидејќи меѓу вас му поверуваа на нашето сведоштво.
11 Затоа и се молиме секогаш за вас, нашиот Бог да ве смета за достојни за својот позив+ и со својата сила потполно да го изврши сето добро што му е по волја, и да го доврши делото што го правите поттикнати од вера, 12 за името на нашиот Господар Исус да се прослави во вас+ и вие во единство+ со него, според незаслужената доброта+ на нашиот Бог и на нашиот Господар Исус Христос.