Проповедник
8 Кој е како мудриот?+ И кој знае да ги толкува работите?+ Мудроста прави човек да има озарено лице и ја ублажува строгоста на неговото лице.+
2 Јас велам: „Извршувај ја наредбата на царот,+ и тоа поради заклетвата пред Бог.+ 3 Не брзај да заминеш од пред него.+ Не вплеткувај се во зло.+ Зашто, што и да сака, тој ќе го направи тоа,+ 4 бидејќи царскиот збор е најсилен,+ и кој смее да му рече: ‚Што правиш?‘ “
5 Кој ја извршува заповедта, нема да доживее неволја,+ и мудрото срце ќе ги знае и времето и судот.+ 6 Зашто, постои време и суд за сѐ,+ бидејќи и без тоа многу неволји ги погодуваат луѓето.+ 7 А никој не знае што ќе биде,+ и кој може да му каже како ќе биде?
8 Човекот нема власт над својот дух, да го запре својот дух,+ нема власт во денот на смртта.+ Никој не е поштеден во таа војна.+ А злото нема да ги избави оние што се вплеткуваат во него.+
9 Сето тоа го видов, и го насочив срцето кон сето она што се прави под сонцето — човек владее над човек на негова штета.+ 10 Но видов и како ги закопуваат злите,+ како доаѓаат на светото место и како заминуваат од него,+ и како ги забораваат во градот во кој така постапувале.+ И тоа е суета.
11 Бидејќи пресудата за зло дело не се извршува брзо,+ срцето на синовите човечки решително прави зло.+ 12 Грешникот може сто пати да направи зло,+ и долго да живее, правејќи што сака, но јас сепак знам дека ќе им биде добро на оние што се бојат од вистинскиот Бог,+ затоа што се бојат од него.+ 13 Но на злиот нема да му биде добро+ и нема да ги продолжи деновите свои, кои се како сенка,+ зашто не се бои од Бог.+
14 Ова е суетата која се случува на земјата: има праведници на кои им се случуваат работи како да прават зло,+ а има зли на кои им се случуваат работи како да постапуваат праведно.+ Затоа велам дека и тоа е суета.
15 А јас ја фалам веселбата,+ зашто за човекот нема ништо подобро под сонцето отколку да јаде и да пие и да се весели, и тоа да го придружува во трудот негов во сите дни на животот негов,+ кои вистинскиот Бог му ги дал под сонцето.+ 16 Затоа го насочив срцето+ за да ја запознаам мудроста и да видам сѐ што се прави на земјата,+ зашто поради тоа, нечии очи не видуваат сон, ни дење ни ноќе.+
17 И ги набљудував сите дела на вистинскиот Бог:+ навистина човекот не може да го сфати она што се прави под сонцето.+ Колку и да се труди, човек не може да го сфати.+ Дури и да каже дека е доволно мудар за да го спознае тоа,+ сепак, не може да го сфати.+