На управителот. Од Јеховиниот слуга Давид.
36 На злиот човек престапот му зборува во срцето,+
нема страв од Бог пред очите негови.+
2 Зашто, има превисоко мислење за себе+
за да може да го увиди својот престап и да го замрази.+
3 Зборовите на неговата уста се зло и измама,+
повеќе не е доволно разборит за да прави добро.+
4 На својата постела смислува зло.+
Стои на пат кој не е добар.+
Злото не го отфрла.+
5 Јехова, твојата милост е до небесата,+
твојата верност е до облаците.+
6 Твојата праведност е како твоите планини, Боже,+
твојот закон е водна бездна.+
Ти, Јехова, спасуваш и човек и животно.+
7 Колку е драгоцена твојата милост, о Боже!+
Во сенката на крилјата твои наоѓаат прибежиште+ синовите човечки.
8 Се насладуваат на изобилството од твојот дом,+
со порој од задоволства ти ги напојуваш.+
9 Зашто, во тебе е изворот на животот,+
со твојата светлина гледаме светлина.+
10 Твојата милост нека биде врз оние што те познаваат+
и твојата праведност врз оние што имаат непорочно срце.+
11 Не допуштај против мене да дојде вообразена нога,+
ниту да станам скитник поради раката на злите!+
12 Гледај, паѓаат оние што прават зло,+
соборени се и не можат да станат.+