Јован
12 Така, шест дена пред Пасхата, Исус дојде во Витанија,+ каде што беше Лазар,+ кого го подигна од мртвите. 2 Таму му приредија вечера. Марта+ послужуваше,+ а Лазар беше еден од оние што беа со него на трпезата.*+ 3 Марија тогаш зеде една либра* скапоцено мирисливо масло, вистински нард,+ и му ги намачка нозете на Исус и му ги избриша со својата коса.+ И куќата се исполни со мирисот на маслото. 4 А Јуда Искариот,+ еден од неговите ученици, кој требаше да го предаде, рече: 5 „Зошто не се продаде ова мирисливо масло+ за триста денарии* и тоа да им се дадеше на сиромасите?“+ 6 Но, тоа не го рече затоа што се грижеше за сиромасите, туку затоа што беше крадец+ — ја имаше кутијата за пари+ и го земаше она што се ставаше во неа. 7 Тогаш Исус рече: „Оставете ја! Нека го изврши тоа за денот на мојот погреб.+ 8 Зашто, сиромасите ги имате секогаш+ покрај вас, а мене нема да ме имате секогаш“.
9 Големо мноштво Евреи дознаа дека тој е таму, па дојдоа, не само поради Исус туку и за да го видат Лазар, кого тој го подигна од мртвите.+ 10 А главните свештеници се договорија да го убијат и Лазар,+ 11 бидејќи поради него многу Евреи одеа таму и поверуваа во Исус.+
12 Утредента, големото мноштво, кое беше дојдено на празникот, чу дека Исус доаѓа во Ерусалим, 13 па зеде палмови гранки+ и излезе да го пресретне. И почнаа да викаат:+ „Спаси го, те молиме!+ Благословен е оној што доаѓа во името на Јехова,+ царот+ на Израел!“ 14 А кога Исус најде магаре,+ седна на него, како што е напишано: 15 „Не плаши се, ќерко сионска! Гледај, твојот цар доаѓа,+ седнат на прле од магаре“.+ 16 Неговите ученици во почетокот не обрнуваа внимание на тоа,+ но кога Исус се прослави,+ се сетија дека тоа беше напишано за него и дека токму тоа му го направија.+
17 Така народот, кој беше со него кога го повика Лазар+ од гробот и го подигна од мртвите, сведочеше за сето тоа.+ 18 Затоа голем народ му излезе во пресрет, бидејќи слушнале дека го направи тоа чудо.+ 19 А фарисеите+ си рекоа меѓу себе: „Гледате дека ништо не постигнувате. Ене, светот отиде по него!“+
20 Меѓу оние што дојдоа да му се поклонат на Бог* на празникот имаше и некои Грци.+ 21 Тие му пристапија на Филип,+ кој беше од Витсаида во Галилеја, и го замолија: „Господине, сакаме да го видиме Исус“.+ 22 Филип отиде и му го кажа тоа на Андреј, а потоа Андреј и Филип отидоа и му го кажаа тоа на Исус.
23 А Исус им одговори: „Дојде часот да биде прославен Синот човечки.+ 24 Вистина, вистина, ви велам, ако пченичното зрно не падне во земјата и не умре, останува само. Но ако умре,+ донесува обилен род. 25 Кој го сака својот живот,* го уништува, а кој го мрази својот живот+ во овој свет, ќе го зачува за вечен живот.+ 26 Ако некој сака да ми служи, нека оди по мене. И каде што сум јас, таму ќе биде и мојот слуга.+ Ако некој ми служи, Таткото ќе му укаже чест.+ 27 Сега душата ми е вознемирена.+ Што да кажам? Татко, спаси ме од овој час!+ Но, затоа и дојдов до овој час. 28 Татко, прослави го своето име!“ Тогаш дојде глас+ од небото: „Го прославив и пак ќе го прославам!“+
29 Тогаш народот, кој стоеше таму и го чу тоа, рече дека загрмело. А некои рекоа: „Ангел му зборуваше“. 30 Исус тогаш рече: „Овој глас не беше заради мене, туку заради вас.+ 31 Сега е судењето на овој свет, сега владетелот на овој свет+ ќе биде исфрлен надвор.+ 32 А кога јас ќе бидам подигнат+ од земјата, ќе привлечам кај себе најразлични луѓе“.+ 33 Тоа го рече за да навести со каква смрт ќе умре.+ 34 Тогаш народот му рече: „Слушнавме од Законот дека Христос* останува засекогаш.+ Тогаш, како ти велиш дека Синот човечки мора да биде подигнат?+ Кој е тој Син човечки?“+ 35 Исус им одговори: „Уште малку време светлината ќе биде меѓу вас. Одете додека ја имате светлината за да не ве надвие темнината!+ Кој оди во темнината, не знае каде оди.+ 36 Додека ја имате светлината, верувајте во светлината за да бидете синови на светлината“.+
Исус го рече тоа, па отиде и се скри од нив. 37 Иако пред нив направи толку чуда, тие не поверуваа во него, 38 па така се исполни речта што ја кажа пророкот Исаија: „Јехова, кој поверува во она што го чувме?+ Кому му се откри Јеховината рака?“+ 39 А не можеа да веруваат, зашто Исаија исто така рече: 40 „Им ги заслепил очите и им ги стврднал срцата+ за да не гледаат со очите и да не разберат со срцата и да не се обратат и да не ги излекувам“.+ 41 Исаија го рече тоа затоа што ја виде неговата слава,+ и зборуваше за него. 42 Сепак, и мнозина од поглаварите поверуваа во него,+ но поради фарисеите не го признаваа тоа за да не бидат исклучени од синагогата,+ 43 зашто повеќе ја сакаа славата што доаѓа од луѓе отколку славата што ја дава Бог.+
44 А Исус извика: „Кој верува во мене, не верува само во мене туку и во оној што ме испрати.+ 45 И кој ме гледа мене, го гледа и оној што ме испрати.+ 46 Јас дојдов во светот како светлина+ за никој што верува во мене да не остане во темнината.+ 47 А ако некој ги слуша моите зборови, а не ги држи, јас не го осудувам. Зашто, јас не дојдов да го осудам светот,+ туку да го спасам светот.+ 48 Кој ме отфрла мене и не го прима она што јас го велам, има свој судија. Речта+ што ја зборував — таа ќе му суди во последниот ден. 49 Зашто, јас не зборував сам од себе, туку самиот Татко, кој ме испрати, ми даде заповед што да кажам и што да зборувам.+ 50 И знам дека неговата заповед значи вечен живот.+ Затоа, она што го зборувам, го зборувам токму онака како што ми го кажа Таткото“.+