Захарија
7 Потоа, во четвртата година на цар Дариј,+ во четвртиот ден од деветтиот месец, а тоа е месецот кислев,*+ Јеховината реч му дојде на Захарија. 2 И Ветил ги испрати Сарацер, Регем-Мелех и неговите луѓе за да го смилостиват*+ лицето на Јехова 3 и да ги прашаат свештениците+ во домот на Јехова над војските, а и пророците: „Треба ли да плачам во петтиот+ месец и да постам, како што го правам тоа толку години?“+
4 И пак ми дојде речта на Јехова над војските: 5 „Кажи им на сиот народ* и на свештениците: ‚Кога постевте+ и тажевте во петтиот и во седмиот+ месец, и тоа седумдесет години,+ дали постевте за мене?+ 6 И кога јадете и пиете, зар не сте вие тие што јадат и пијат? 7 Зар не требаше да ги послушате зборовите+ што ги објави Јехова преку пророците во минатото+ додека Ерусалим и градовите околу него уште беа населени и во мир, и додека Негев*+ и Шефела*+ беа населени?‘ “
8 И на Захарија пак му дојде Јеховината реч: 9 „Вака вели Јехова над војските: ‚Судете според вистинската правда+ и покажувајте си еден на друг добрина*+ и милосрдие.+ 10 Не угнетувајте ја вдовицата,+ ниту детето без татко,+ ниту дојденецот,+ ниту оној што е во неволја,+ не смислувајте зло во своето срце еден против друг‘.+ 11 Но тие не сакаа да послушаат,+ туку тврдоглаво свртија грб+ и ги затнаа ушите за да не слушаат.+ 12 И своето срце+ го направија тврдо како каменот корунд за да не ги послушаат законот+ и зборовите што со својот дух+ им ги испраќаше Јехова над војските преку пророците во минатото.+ Затоа Јехова над војските многу се разгневи“.+
13 „ ,И така, како што јас викав, а тие не слушаа,+ така и тие викаа, а јас не слушав‘,+ вели Јехова над војските. 14 ‚И со виор ги распрснав меѓу сите народи,+ кои тие не ги познаваа,+ и земјата зад нив остана пуста, никој не минуваше низ неа, ниту, пак, се враќаше.+ И така пожелната земја+ ја претворија во ужасна глетка.‘ “