Јоил
1 Речта Јеховина што му дојде+ на Јоил, синот на Фатуил:
2 „Чујте го ова, старешини, и послушајте, сите вие жители на оваа земја!+ Дали се случило вакво нешто во вашите денови или во деновите на вашите прататковци?+ 3 Раскажете им го тоа на своите синови, вашите синови нека им го раскажат на своите синови, а нивните синови — на следното поколение.+ 4 Што остави гасеницата, го изеде скакулецот,+ што остави скакулецот, го изеде младиот бескрилен скакулец, а што остави младиот бескрилен скакулец, го изеде лебарката.+
5 Разбудете се, пијаници,+ и плачете! Плачете горко,+ сите вие винопијци, поради виното,*+ зашто ви е одземено од уста.+ 6 Зашто, против мојата земја дојде народ моќен и безброен.+ Забите му се како заби на лав+ и има лавовски вилици. 7 Мојата лоза ја претвори во грозна глетка+ и од смоквата моја остави само пенушка.+ Ја соголи и ја фрли.+ Гранките ѝ побелеа. 8 Плачи, како што плаче девица опашана со козина+ за свршеникот* на својата младост.
9 Житните жртви+ и жртвите налевници+ исчезнаа од домот на Јехова. Свештениците, слуги+ на Јехова, тагуваат.+ 10 Ограбено е сѐ од полето,+ земјата тагува,+ зашто житото е ограбено, младото вино го нема,+ маслото го снема.+ 11 Земјоделците се посрамени,+ лозарите плачат горко поради пченицата и поради јачменот, зашто жетвата на полето пропадна.+ 12 Лозата се исуши и смоквата овена. Се исушија и калинката, и палмата и јаболкницата — сите дрвја во полето,+ зашто радоста побегна од човечките синови.+
13 Препашете се, свештеници, и удирајте се в гради од тага!+ Плачете горко, слуги на жртвеникот!+ Дојдете, поминете ја ноќта во козина, слуги на мојот Бог! Зашто, од домот на вашиот Бог ги снема житните жртви+ и жртвите налевници.+ 14 Прогласете свет пост!+ Свикајте свечен собир!+ Соберете ги старешините и сите жители на оваа земја, во домот на Јехова, вашиот Бог,+ и викајте кон Јехова да ви помогне.+
15 Леле, каков ден!+ Зашто, денот Јеховин е близу,+ доаѓа како опустошување од Семоќниот! 16 Зар не ни снема храна пред наши очи, радоста и веселбата од домот на нашиот Бог?+ 17 Сувите смокви изгнија под нивните лопати. Амбарите се опустошени. Плевните се урнати, зашто житото се исуши. 18 А добитокот воздивнува ли воздивнува! Колку збунето лутаат стадата говеда бидејќи нема што да пасат!+ И стадата овци ја трпат казната.
19 Кон тебе, Јехова, ќе викам+ бидејќи оган ги голтна пасиштата во пустелијата и пламен ги проголта сите дрвја во полето.+ 20 И полските ѕверови копнеат по тебе,+ зашто водните потоци пресушија+ и оган ги проголта пасиштата во пустелијата“.