Галатите
1 Павле,+ апостол+ — кого не го испратиле луѓе, ниту го поставил некој човек, туку Исус Христос+ и Бог, Таткото,+ кој го подигна Исус од мртвите+ — 2 и сите браќа што се со мене,+ до собранијата* во Галатија:*+
3 Бог, нашиот Татко, и Господарот* Исус Христос нека ви дадат незаслужена доброта и мир.+ 4 Тој се даде себеси за нашите гревови+ за да нѐ избави од сегашниов зол свет*+ според волјата+ на нашиот Бог и Татко, 5 кому му припаѓа славата во сета вечност.+ Амин.*
6 Се чудам што толку брзо се одвраќате од оној+ што ве повика преку Христовата незаслужена доброта+ и слушате некаква друга добра вест.+ 7 Но друга не постои. Постојат само некои што ве збунуваат+ и сакаат да ја искриват добрата вест за Христос.+ 8 Но, дури и ние или ангел од небото да ви објавеше поинаква добра вест од онаа што веќе ви ја објавивме, проклет да е!+ 9 Како што веќе рековме, тоа и сега го повторувам: кој ќе ви објави поинаква добра вест од онаа што веќе сте ја прифатиле,+ проклет да е!
10 Навистина, дали сега се обидувам да ги придобијам луѓето или Бог? Или, пак, настојувам да им угодам на луѓето?+ Да им угодував сѐ уште на луѓето,+ не ќе бев Христов роб.+ 11 Зашто, ви напомнувам, браќа, дека добрата вест што ја објавив не е човечка порака,+ 12 оти не ја примив од човек, ниту некој ме учел за неа, туку Исус Христос ми ја објави од небото.+
13 А сте чуле дека порано живеев во јудејството*+ — дека преку секоја мера го прогонував+ Божјето собрание и сакав да го сотрам.+ 14 И напредував во јудејството повеќе од многумина мои врсници во мојот народ,+ зашто бев многу поревносен+ од другите за преданијата+ на моите татковци. 15 Но кога на Бог, кој дозволи да се родам и ме повика+ во својата незаслужена доброта,+ му беше по волја 16 да го открие својот Син преку мене,+ за да им ја објавам на незнабошците добрата вест за него,+ не се посоветував веднаш со тело и со крв,+ 17 ниту отидов во Ерусалим кај оние што беа апостоли пред мене,+ туку отидов во Арабија, и пак се вратив во Дамаск.+
18 Потоа, по три години, отидов во Ерусалим+ да го посетам Кифа+ и останав кај него петнаесет дена. 19 Но од апостолите не видов никого, освен Јаков,+ братот+ на Господарот. 20 А за ова што ви го пишувам, еве, пред Бог изјавувам дека не е лага.+
21 Потоа отидов+ во сириските и киликиските предели. 22 Но Христовите собранија во Јудеја не ме познаваа лично.+ 23 Тие само беа чуле од другите: „Оној што порано нѐ прогонуваше+ сега ја објавува добрата вест за верата која порано сакаше да ја сотре“.+ 24 Затоа, поради мене, почнаа да го слават Бог.+