Јов
13 Ете, сето тоа го виде моето око,
моето уво го чу и му обрна внимание.
2 Тоа што го знаете вие, и јас добро го знам,
не сум полош од вас.+
3 Но, би сакал да му се обратам на Семоќниот,+
би ми било задоволство да разговарам со Бог.
5 Барем да молкневте,
и така да покажевте мудрост!+
6 Слушнете ги, ве молам, доказите што ќе ви ги изнесам,+
послушајте ја одбраната на моите усни.
7 Зар, бранејќи го Бог, ќе зборувате неправда,
зар, бранејќи го, ќе кажувате измама?+
8 Зар ќе бидете пристрасни кон него?+
Зар ќе му бидете бранители на вистинскиот Бог?
9 Би поминале ли добро ако тој ве испита?+
Зар ќе го мамите него како што се мами смртен човек?
10 Тој навистина ќе ве укори+
ако сакате тајно да бидете пристрасни.+
11 Зар не ве плаши неговото величие
и зар не ве обзема страв од него?+
12 Вашите незаборавни зборови се изреки од пепел,
вашите штитови се штитови од глина.+
13 Молчете и оставете ме, оставете ме да зборувам,
а потоа нека ме снајде што сака!
15 Да сакаше и да ме убие, јас ќе чекав.+
Сепак, би ги бранел своите патишта пред неговото лице,
17 Слушајте ги внимателно моите зборови,+
нека ви допре до уши она што ќе ви го кажам.
18 Послушајте, ве молам! Ја образложив својата парница+
и добро знам дека имам право.
19 Кој ќе се препира со мене?+
Ако продолжам да молчам, ќе издивнам!
20 Само овие две работи ги барам,
па нема да се кријам од тебе:+
21 тргни ја раката од мене
и нека не ме плаши стравот од тебе!+
22 Ти повикај ме, а јас ќе ти одговорам,
или дозволи ми јас да зборувам, а ти одговарај ми!
23 Какви престапи и гревови сум направил?
Покажи ми го мојот бунтовнички престап и мојот грев!
25 Зар ќе тресеш лист што го носи ветрот?
Зар ќе гониш сува сламка?