1. Самоилова
„Срцето ми воскликнува од радост поради Јехова,+
Јехова го издигна мојот рог.+
Ширум ја отворам устата против своите непријатели,
зашто се радувам на спасението од тебе.+
3 Не зборувајте веќе толку надмено,
од вашата уста нека не излегуваат непромислени зборови,+
зашто Јехова е Бог кој знае сѐ,+
тој исправно ги проценува делата!+
7 Јехова осиромашува+ и збогатува,+
понижува и возвишува,+
8 од прав го подига сиромавиот,+
од пепел го крева бедниот,+
за да ги седне со достоинствениците и да им го даде престолот на славата.+
Зашто, на Јехова му припаѓаат земните столбови,+
на нив ја поставил земјата.*
9 Тој ги чува чекорите на своите верни слуги,+
а злосторниците што се во темнина ги стигнува пропаст,*+
зашто човек не може со својата сила да покаже дека е појак.+
10 Ќе затреперат оние што му се противат на Јехова,+
тој ќе згрми на нив од небесата.+
Јехова ќе им суди на земните краишта,+
ќе му даде сила на својот цар,+
ќе го издигне рогот на својот помазаник“.+
11 Потоа Елкана отиде во својата куќа во Рама, а детето остана да му служи+ на Јехова пред свештеникот Илиј.
12 А синовите на Илиј беа никаквеци.+ Не им беше грижа за Јехова.+ 13 А свештениците имаа право да добијат од народот дел од жртвата,+ но кога некој принесуваше жртва, ќе дојдеше слугата на свештеникот со тророга виљушка во раката,+ додека месото уште се вареше, 14 и ќе ја забодеше во котелот, или во лонецот, или во котлето, или во тавата. И тоа што ќе се набодеше на виљушката свештеникот си го земаше за себе. Така постапуваа во Сило со сите Израелци што доаѓаа таму.+ 15 Исто така и пред да изгореше лојот,+ ќе дојдеше слугата на свештеникот и ќе му речеше на човекот што принесуваше жртва: „Дај ваму месо да му се испече на свештеникот! Тој нејќе да прими од тебе варено месо, туку сурово“.+ 16 Ако човекот му одговореше: „Прво нека изгори лојот,+ па тогаш земи што ти сака душата“,+ овој ќе речеше: „Не, туку дај веднаш! А ако не даваш, ќе го земам сосила!“+ 17 И гревот на тие слуги* беше многу голем пред Јехова,+ зашто тие луѓе ги презираа Јеховините жртви.+
18 А момчето Самоил служеше+ пред Јехова опашано со ленен ефод.+ 19 Мајка му еднаш во годината ќе му направеше мала туника, па ќе му ја донесеше кога ќе дојдеше со мажот да ја принесе годишната жртва.+ 20 И Илиј ги благослови+ Елкана и неговата жена со зборовите: „Јехова нека ти даде потомство од оваа жена на местото на овој што е даруван, кој му е даруван на Јехова!“+ Потоа се вратија во своето место. 21 Тогаш Јехова се смилува на Ана+ и таа забремени и роди три сина и две ќерки.+ А момчето Самоил растеше пред Јехова.+
22 Илиј беше многу стар и слушна+ за сето она што му го правеа неговите синови+ на целиот Израел и како спиеја со жените+ што служеа на влезот од шаторот на средбата.+ 23 И им велеше:+ „Зошто правите такво нешто?+ Зашто, слушам дека целиот народ зборува лошо за вас.+ 24 Немојте така,+ синови мои! Не се добри гласовите што ги слушам, кои ги шири Јеховиниот народ.+ 25 Ако човек му згреши на човек,+ Бог може да се заземе за него.+ Но, ако човек му згреши на Јехова,+ кој ќе се заземе за него?“+ Но тие не го послушаа гласот на својот татко,+ затоа што Јехова реши да ги погуби.+ 26 А момчето Самоил растеше и им стануваше сѐ помило и на Јехова и на луѓето.+
27 Еден ден, еден Божји човек+ дојде и му рече на Илиј: „Вака вели Јехова: ‚Зар не му се објавив на домот на твојот прататко додека беа робови во Египет, во куќата на фараонот?+ 28 Него го избрав од сите племиња на Израел+ за да ми служи како свештеник и да се качува на мојот жртвеник+ за да ги гори приносите и да носи свештенички ефод пред мене. И на домот на твојот прататко му ги дадов сите палени жртви што ги принесуваат Израеловите синови.+ 29 Тогаш, зошто ги презирате моите жртви+ и моите приноси што ги одредив за своето живеалиште?+ И зошто им укажуваш поголема чест на своите синови отколку мене, па се гоите+ од најдобрите делови од сите жртви на мојот народ Израел?+
30 Затоа, вака вели Јехова, Богот на Израел: „Вистина, реков дека твојот дом и домот на твојот прататко довека ќе ми вршат свештеничка служба“.*+ Но сега Јехова вели: „Нема да биде така! Зашто, јас им укажувам чест+ на оние што мене ми укажуваат чест,+ а оние што ме презираат, ќе бидат презрени“.+ 31 Еве, доаѓаат денови кога ќе ги отсечам твојата рака и раката на домот на твојот прататко, така што повеќе не ќе има старец во твојот дом.+ 32 Среде сите добра во кои ќе ужива Израел, ќе го гледаш непријателот во моето живеалиште.+ И не ќе има старец во твојот дом. 33 Но еден од твоите сепак ќе оставам кај мојот жртвеник за да му гаснат очите и да му гине душата. А поголемиот дел од твојот дом ќе загине од човечки меч.+ 34 И ова ти е знакот што ќе дојде на твоите два сина, Офни и Финес:+ двајцата ќе загинат во еден ден.+ 35 А јас ќе си подигнам верен свештеник,+ кој ќе прави сѐ по моето срце и по мојата душа. И ќе му изградам траен дом и тој ќе му служи засекогаш како свештеник на мојот помазаник.*+ 36 А оној што ќе остане+ од твојот дом ќе дојде и ќе му се поклони за плата и за леб, и ќе рече: „Те молам, прими ме во некаква свештеничка служба за да имам парче леб“ ‘ “.+