Марко
2 А по неколку дена, повторно дојде во Капернаум, и се расчу дека е дома.+ 2 Затоа се собраа мнозина, толку многу што повеќе немаше место, дури ни на вратата. Тој почна да им зборува за Божјата реч.+ 3 И дојдоа луѓе и му донесоа еден парализиран човек. Четворица го носеа.+ 4 Бидејќи не можеа да го донесат до Исус, поради многубројниот народ, го открија покривот над местото каде што беше и направија отвор, па ја спуштија носилката на која лежеше парализираниот.+ 5 Кога ја виде нивната вера,+ Исус му рече на парализираниот: „Синко, простени ти се гревовите“.+ 6 А таму беа некои книжници, кои седеа и си размислуваа во срцето:+ 7 „Што зборува овој вака? Тој хули! Кој може да простува гревови, освен еден, Бог?“+ 8 А Исус веднаш проѕре дека така размислуваат во себе, па им рече: „Зошто размислувате така во своите срца?+ 9 Што е полесно? Да му се рече на парализираниот: ‚Простени ти се гревовите‘, или да се рече: ‚Стани, земи си ја носилката и оди‘?+ 10 Но знајте дека Синот човечки+ има власт да ги простува гревовите на земјата“.+ Тогаш му рече на парализираниот: 11 „Тебе ти велам: стани, земи си ја носилката и оди си дома!“+ 12 И тој стана, веднаш си ја зеде носилката и излезе пред сите.+ А сите се воодушевија и го славеа Бог, велејќи: „Вакво нешто никогаш не сме виделе!“+
13 И повторно излезе покрај морето. Сиот народ доаѓаше кај него, и тој го поучуваше. 14 Поминувајќи оттаму, го здогледа Леви,+ синот на Алфеј, како седи на местото каде што се собираше данок, па му рече: „Појди по мене“. Тогаш тој стана и појде по него.+ 15 Кога Исус беше на трпезата* во неговата куќа, многу даночници+ и грешници беа на трпезата со него и со неговите ученици. Таму имаше мнозина од оние што појдоа по него.+ 16 Но кога книжниците од фарисејската* секта видоа дека јаде со грешниците и со даночниците, им рекоа на неговите ученици: „Зар тој јаде со даночници и со грешници?“+ 17 Кога го чу тоа, Исус им рече: „На силните не им треба лекар, туку на болните. Не дојдов да ги повикам праведниците, туку грешниците“.+
18 А учениците на Јован и фарисеите имаа обичај да постат. Затоа дојдоа и му рекоа: „Зошто учениците на Јован и учениците на фарисеите постат, а твоите ученици не постат?“+ 19 А Исус им рече: „Можат ли пријателите на младоженецот да постат додека тој е со нив?+ Сѐ додека младоженецот е со нив, тие не можат да постат.+ 20 Но ќе дојдат денови кога младоженецот ќе им биде одземен, и тогаш ќе постат, во тој ден.+ 21 Никој не пришива на стара облека закрпа од ткаенина што уште не се собрала. Инаку новата закрпа ќе се откине од старата ткаенина, па дупката ќе стане уште поголема.+ 22 И никој не става ново вино во стари мешини. Инаку виното ќе ги скине мешините, па ќе пропаднат и виното и мешините.+ Туку ново вино се става во нови мешини“.+
23 Еднаш во сабота* поминуваше низ житни полиња, а неговите ученици патем си кинеа+ класје.+ 24 Тогаш фарисеите му рекоа: „Гледај ги! Зошто го прават во сабота она што не е дозволено?“+ 25 А тој им рече: „Зар никогаш не сте читале што направи Давид+ кога му снема храна, па огладнеа и тој и луѓето што беа со него,+ 26 дека влезе во Божјиот дом, според извештајот за Авијатар,+ главниот свештеник, па ги изеде лебовите ставени пред Бог,+ од кои не смееше да јаде никој друг освен свештениците,+ а им ги даде и на луѓето што беа со него?“+ 27 Потоа им рече: „Саботата е создадена за човекот,+ а не човекот за саботата.+ 28 А тоа значи дека Синот човечки е Господар и на саботата“.+