Захарија
12 Објава:
„Речта Јеховина за Израел“, вели Јехова, кој ги оптегна небесата,+ ѝ ги положи темелите на земјата+ и го создаде духот+ на човекот во неговата внатрешност. 2 „Еве, ќе направам Ерусалим+ да биде пехар поради кој ќе се тетерават сите околни народи.+ И Јуда ќе биде под опсада, како и Ерусалим.+ 3 И во тој ден+ ќе направам Ерусалим да биде тежок камен+ за сите народи. Сите што ќе го дигаат ќе си направат длабоки рани. Ќе се соберат против него сите народи на земјата.+ 4 Во тој ден,“+ вели Јехова, „ќе ги удрам сите коњи+ со збунетост, нивните јавачи со лудило.+ Ќе ги отворам+ своите очи над домот на Јуда, и сите коњи на народите ќе ги удрам со слепило. 5 И кнезовите*+ на Јуда во своето срце ќе речат: ‚Жителите на Ерусалим се нашата сила која доаѓа од Јехова над војските, нивниот Бог‘.+ 6 Во тој ден ќе направам кнезовите на Јуда да бидат како мангал меѓу дрвјата+ и како запален факел во штотуку ожнеано жито.+ И ќе ги голта надесно и налево сите околни народи,+ а жителите на Ерусалим и понатаму ќе живеат во својот град, во Ерусалим.+
7 Јехова прво ќе ги спаси шаторите на Јуда за да не се издигне над Јуда убавината на Давидовиот дом и убавината на жителите на Ерусалим. 8 Во тој ден Јехова ќе биде заштита околу жителите на Ерусалим,+ па оној што ќе се сопне меѓу нив ќе биде во тој ден силен како Давид,+ а Давидовиот дом ќе биде моќен како бог,+ како Јеховиниот ангел пред нив.+ 9 И во тој ден сигурно ќе ги истребам сите народи што доаѓаат против Ерусалим.+
10 А врз Давидовиот дом и врз жителите на Ерусалим ќе излеам дух на милост+ и молитва,+ и тие ќе гледаат во оној кого го прободоа,+ ќе го тажат, како што се тажи син единец, и горко ќе го оплакуваат, како што се оплакува првороден син.+ 11 Во тој ден тажењето во Ерусалим ќе биде големо, како што беше тажењето во Хададримон во долината Мегидо.+ 12 И земјата ќе тажи,+ секое семејство посебно: семејството на Давидовиот дом посебно, и жените нивни посебно;+ семејството на домот на Натан+ посебно, и жените нивни посебно; 13 семејството на домот на Леви+ посебно, и жените нивни посебно; семејството на Симеј+ посебно, и жените нивни посебно; 14 и сите останати семејства, секое семејство посебно, и жените нивни посебно.+