3. Мојсеева
5 Ако некој*+ згреши така што чул јавна клетва,+ а не сака да открие+ што видел како сведок или што знае за тоа,* ќе одговара за својот престап.
2 И кога некој* ќе се допре до нешто нечисто, до мрша од нечисто диво животно, до мрша од нечисто домашно животно или до мрша од други нечисти животни што ги има наоколу во голем број,+ дури и да не е свесен за тоа,+ сепак станал нечист и е виновен.+ 3 Или, ако се допре до нечистотија од човек, до каква и да е човечка нечистотија+ од која може да стане нечист, дури и да не е свесен за тоа, кога ќе дознае, виновен е.
4 Ако некој* непромислено се заколне+ со своите усни дека ќе направи зло+ или добро — во врска со што и да е во кое човек би можел непромислено да се заколне+ — дури и да не бил свесен за последиците, кога ќе стане свесен за нив, виновен е.
5 А ако биде виновен за нешто од тоа, тогаш нека признае+ каде згрешил. 6 И за гревот што го направил нека му донесе на Јехова жртва за вина,+ женка од ситната стока, јагне или јаре,+ како жртва за грев. И свештеникот нека изврши за него обред на очистување за неговиот грев.+
7 Но, ако нема пари за да набави грло од ситната стока,+ тогаш за гревот што го направил нека му донесе на Јехова како жртва за вина две грлици+ или два млади гулаба, едниот како жртва за грев,+ а другиот како жртва паленица. 8 Нека му ги донесе на свештеникот, а тој првин нека го принесе она што е одредено како жртва за грев. И да ѝ го засече+ вратот отспреди, но да не ѝ ја одвои главата. 9 Потоа со крвта од жртвата за грев нека го попрска жртвеникот од страната, а остатокот од крвта да се исцеди на подножјето од жртвеникот.+ Тоа е жртва за грев. 10 А другото ќе го принесе како жртва паленица според прописот.+ И свештеникот нека изврши за него обред на очистување+ за гревот што го направил, и ќе му биде простено.+
11 А ако нема пари+ за две грлици или за два млади гулаба, тогаш нека донесе како жртва за гревот што го направил десеттина ефа*+ фино брашно, како жртва за грев. Да не излева врз него масло+ и да не става темјан, зашто тоа е жртва за грев.+ 12 Нека му го донесе на свештеникот, а свештеникот нека земе од него полн грст како спомен,+ па нека го изгори на жртвеникот врз жртвите палени за Јехова.+ Тоа е жртва за грев.+ 13 Свештеникот нека изврши за тој човек обред на очистување+ за гревот што го направил, за кој и да е од тие гревови, и ќе му биде простено. А она што ќе остане од жртвата нека му припадне на свештеникот,+ како и во случајот со житната жртва‘ “.
14 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 15 „Ако некој* постапи неверно и несакајќи згреши против Јеховините свети работи,+ тогаш од стадото, како своја жртва за вина,+ нека донесе за Јехова овен без недостаток, според вредноста одредена во сикли сребро,+ според светиот сикел.* Тоа е жртва за вина. 16 Нека даде надоместок, затоа што згрешил против светото место, и на тоа уште нека додаде една петтина од вредноста,+ па нека му го даде тоа на свештеникот за да изврши за него обред на очистување+ со овенот што се жртвува за вина, и ќе му биде простено.+
17 Ако некој* згреши правејќи нешто од сето она што Јехова заповедал да не се прави, дури и да било во незнаење,+ сепак е виновен и ќе одговара за својот престап.+ 18 Од стадото нека му донесе на свештеникот овен без недостаток како жртва за вина,+ според проценетата вредност. И свештеникот нека изврши за него обред на очистување+ за грешката што ја направил ненамерно, во незнаење, и ќе му биде простено.+ 19 Тоа е жртва за вина. Навистина му згрешил на Јехова“.+