Даниел
4 „Од цар Навуходоносор до сите народи, племиња и јазици што живеат по целата земја:+ Нека ви се умножи мирот!+ 2 Најдов за добро да ги објавам знаците и чудата што Севишниот Бог ги направи на мене.+ 3 Колку се големи неговите знаци и колку се моќни неговите чуда!+ Неговото царство е вечно царство+ и неговата власт е од поколение во поколение.+
4 Јас, Навуходоносор, живеев мирно+ во својот дом и среќно во својата палата.+ 5 Тогаш сонив сон што ме исплаши.+ Сликите што ми доаѓаа в постела и виденијата што ми поминуваа низ глава ме исполнија со страв,+ 6 па издадов наредба да бидат доведени пред мене сите вавилонски мудреци за да ми кажат што значи сонот.+
7 Тогаш дојдоа свештениците што се занимаваат со магија, оние што повикуваат духови, Халдејците+ и оние што ги познаваат ѕвездите.*+ Им го раскажав сонот, но не можеа да ми кажат што значи.+ 8 На крајот, пред мене дојде Даниел, кој се вика Валтазар+ според името на мојот бог+ и во кого е духот на светите богови,+ и јас му го раскажав сонот:
9 ‚Валтазаре, ти си поглавар на свештениците што се занимаваат со магија+ и добро знам дека во тебе е духот на светите богови+ и дека ниту една тајна за тебе не е претешка.+ Кажи ми ги виденијата што ги гледав на сон и нивното значење!+
10 А во виденијата што ми поминуваа низ глава на мојата постела видов,+ и ете, среде земјата дрво,+ многу високо.+ 11 Дрвото порасна и стана цврсто и беше високо до небото, а се гледаше од краиштата на целата земја.+ 12 Лисјата му беа убави, а плодот обилен, и на него имаше храна за сите. Под него полските животни+ бараа сенка,+ на неговите гранки живееја небесните птици+ и од него се хранеше секое суштество.
13 Потоа видов во виденијата што ми поминуваа низ глава на мојата постела, и ете, стражар,+ свет,+ слегува од небото. 14 Тој повика на сет глас и рече вака: „Пресечете го дрвото+ и отсечете му ги гранките! Истресете му ги лисјата и расфрлете ги плодовите! Нека побегнат ѕверовите од под него и птиците од неговите гранки!+ 15 Но пенушката со коренот оставете ја в земја, во железни и во бакарни окови, во полската трева! Нека го водени небесната роса и со ѕверовите нека ги дели земните растенија!+ 16 Нека му се промени човечкото срце и нека му се даде животинско срце,+ и седум времиња+ нека поминат преку него! 17 Тоа е одлуката што ја пренесоа стражарите+ и пресудата што ја објавија светите за да знаат живите дека Севишниот владее над човечкото царство,+ дека го дава кому сака+ и над него го поставува најмалиот од луѓето“.+
18 Тоа е сонот што го сонував јас, цар Навуходоносор. А ти, Валтазаре, кажи ми што значи тој, бидејќи ниту еден друг мудрец во моето царство не може да ми каже што значи.+ Но ти можеш, зашто во тебе е духот на светите богови‘.+
19 Тогаш Даниел, наречен Валтазар,+ за миг остана вчудовиден и неговите мисли го исплашија.+
А царот му рече: ‚Валтазаре, немој да те плаши сонот и неговото значење!‘+
А Валтазар му одговори: ‚Господару мој, овој сон нека се исполни на оние што те мразат и неговото значење на твоите противници!+
20 Дрвото што си го видел, што нараснало големо и станало цврсто и високо до небото и се гледало по целата земја,+ 21 чии лисја биле убави, а плодот обилен, и на кое имало доволно храна за сите, под кое живееле полските животни и на чии гранки се гнезделе небесните птици,+ 22 тоа си ти, царе,+ зашто стана голем и силен и твојата величина се издигна и допре до небото,+ а твојата власт до краиштата на земјата.+
23 А тоа што царот видел стражар, свет,+ како слегува од небото и вели: „Пресечете го дрвото и уништете го! Но пенушката со коренот оставете ја в земја, во железни и во бакарни окови, во полската трева, нека го водени небесната роса, и нека биде со полските животни додека не поминат преку него седум времиња“,+ 24 значи ова, царе, и она што ќе го снајде мојот господар царот+ е одредба+ на Севишниот.+ 25 Ќе те протераат откај луѓето, па ќе живееш со полските животни+ и ќе ти даваат да јадеш трева како што јадат говедата.+ Небесната роса ќе те водени и седум времиња+ ќе поминат преку тебе додека не спознаеш дека Севишниот владее над човечкото царство+ и го дава кому сака.+
26 А тоа што рекле да му се остави на дрвото пенушката со коренот+ значи дека твоето царство повторно ќе ти припадне тебе откако ќе спознаеш дека небесата владеат.+ 27 Затоа, царе, нека ти биде благопријатен+ мојот совет и избави се од своите гревови со праведни дела,+ и од своето беззаконие — со милосрдност спрема сиромасите.+ Можеби тогаш ќе ти се продолжи благосостојбата‘.“+
28 Сето тоа му се случи на цар Навуходоносор.+
29 Дванаесет месеци* подоцна, додека одеше по покривот на царската палата во Вавилон, 30 царот рече:+ „Не е ли ова Големиот Вавилон што го изградив јас со својата силна моќ+ за да биде царска престолнина и за слава на моето величество?“+
31 И додека тие зборови уште беа во устата на царот, од небото дојде глас: „Тебе ти се зборува, царе Навуходоносор: ‚Царството ти се одзема,+ 32 и ќе те протераат откај луѓето и ќе живееш со полските животни.+ Ќе ти даваат да јадеш трева како што јадат говедата, и седум времиња ќе поминат преку тебе додека не спознаеш дека Севишниот владее над човечкото царство и го дава кому сака‘ “.+
33 Во истиот час,+ тој збор се исполни на Навуходоносор. Го протераа откај луѓето, почна да јаде трева како што јадат говедата и небесната роса му го воденеше телото, а косата му порасна како орловски пердуви и ноктите како птичји канџи.+
34 „А по тие денови,+ јас, Навуходоносор, ги подигнав очите+ кон небото и ми се врати разумот. И го благословив Севишниот,+ го фалев и го славев оној што живее вечно,+ зашто неговата власт е вечна власт и неговото царство е од поколение во поколение.+ 35 Сите што живеат на земјата за него не се ништо,+ и по своја волја постапува со небесната војска и со оние што живеат на земјата.+ И нема таков што може да му ја запре раката+ или да му рече: ‚Што правиш?‘+
36 Во исто време ми се врати разумот, и за слава на моето царство ми се врати величеството и сјајот.+ Моите високи службеници и веледостојници почнаа оддадено да ме бараат, и повторно бев поставен над своето царство, и моето величие многу порасна.+
37 Сега јас, Навуходоносор, го фалам, го возвишувам и го славам Царот небесен,+ зашто сите негови дела се вистина и неговите патишта се правда,+ и може да ги понижи оние што се горди.“*+