Лука
18 Тогаш им раскажа една споредба за тоа дека секогаш треба да се молат и да не се откажуваат:+ 2 „Во еден град си беше еден судија, кој не се плашеше од Бог и не му беше грижа за луѓето. 3 А во тој град имаше и една вдовица, која доаѓаше кај него+ и го молеше: ‚Помогни ми да добијам правда во спорот со оној со кој се судам‘. 4 Некое време тој не сакаше, но на крајот си рече во себе: ‚Не се плашам од Бог и не ми е грижа за луѓето, 5 но оваа вдовица толку ми досадува+ што сепак ќе ѝ помогнам да добие правда, па повеќе да не доаѓа и да ме измачи докрај‘ “.+ 6 Тогаш Господарот рече: „Дали чувте што рекол неправедниот судија? 7 Та нема ли Бог да се погрижи да добијат правда+ неговите избрани, кои викаат кон него ден и ноќ, иако изгледа дека долго чека+ за да им помогне?* 8 Ви велам, ќе се погрижи брзо да добијат правда.+ Но Синот човечки, кога ќе дојде, ќе најде ли вера на земјата?“
9 А на некои што беа уверени во својата праведност,+ па ги потценуваа другите,+ им ја раскажа оваа споредба: 10 „Двајца луѓе отидоа во храмот да се молат. Едниот беше фарисеј, а другиот даночник. 11 Фарисејот застана+ и вака се молеше+ во себе: ‚Боже, ти благодарам што не сум како останатите луѓе: изнудувачи, неправедници, прељубници или како овој даночник.+ 12 Постам двапати во седмицата, давам десеттина од сѐ што ќе стекнам‘.+ 13 А даночникот, стоејќи понастрана, не сакаше ни очите да ги подигне кон небото, туку се удираше в гради+ и велеше: ‚Боже, биди милостив кон мене грешникот!‘+ 14 Ви велам, овој си замина дома поправеден+ од другиот. Зашто, секој што се возвишува, ќе биде понижен, а оној што се понизува, ќе биде возвишен“.+
15 А луѓето му ги доведуваа и малите деца за да ги допре. Кога учениците го видоа тоа, ги прекоруваа.+ 16 Но Исус ги викна децата кај себе и рече: „Пуштете ги децата да доаѓаат кај мене и не забранувајте им! Зашто, на таквите им припаѓа царството Божје.+ 17 Вистина, ви велам, секој што нема да го прими царството Божје како дете, нема да влезе во него“.+
18 А еден поглавар го праша: „Учителе добар, што морам да правам за да наследам вечен живот?“+ 19 Тогаш Исус му рече: „Зошто ме нарекуваш добар? Никој не е добар, освен еден, Бог.+ 20 Заповедите ги знаеш:+ ‚Не врши прељуба‘,+ ‚Не убивај‘,+ ‚Не кради‘,+ ‚Не сведочи лажно‘,+ ‚Почитувај ги татка си и мајка си‘ “.+ 21 А тој рече: „Сето тоа го држам уште од младоста“.+ 22 Кога го чу тоа, Исус му рече: „Уште едно ти недостасува: продај сѐ што имаш и парите раздели им ги на сиромасите, па ќе имаш богатство на небесата! Тогаш дојди и оди по мене!“+ 23 А овој, кога го чу тоа, длабоко се нажали, зашто беше многу богат.+
24 Исус го погледна и рече: „Колку тешко ќе влезат богатите во царството Божје!+ 25 Полесно ѝ е на камила да помине низ иглени уши отколку на богат човек да влезе во Божјето царство“.+ 26 Оние што го чуја тоа, прашаа: „Тогаш, кој може да се спаси?“ 27 А тој рече: „Она што не е можно за луѓето, можно е за Бог“.+ 28 А Петар рече: „Еве, ние оставивме сѐ и појдовме по тебе“.+ 29 Тогаш Исус им рече: „Вистина, ви велам, никој не оставил куќа или жена или браќа или родители или деца заради царството Божје,+ 30 а да не добие многу повеќе во ова време, а во поредокот* што доаѓа — вечен живот“.+
31 Тогаш ги зеде настрана дванаесеттемина и им рече: „Еве, одиме во Ерусалим. И ќе се исполни сѐ што напишале пророците+ за Синот човечки.+ 32 Ќе им го предадат на незнабошците, ќе го исмејуваат,+ ќе постапуваат лошо со него+ и ќе биде плукан.+ 33 Ќе го искамшикуваат+ и потоа ќе го убијат,+ а на третиот ден ќе воскресне“.+ 34 Но тие не сфатија ништо од тоа, туку значењето на тие зборови им беше скриено и не знаеја за што зборува.+
35 Додека се приближуваше кон Ерихон, еден слепец седеше крај патот и просеше.+ 36 Кога чу дека поминуваат мноштво луѓе, почна да се распрашува што се случува. 37 Му рекоа: „Поминува Исус Назареќанецот!“+ 38 Тогаш извика: „Исусе, Сине Давидов, смилувај ми се!“+ 39 Оние што одеа напред го замолчуваа, но тој уште посилно викаше: „Сине Давидов, смилувај ми се!“+ 40 Тогаш Исус застана и заповеда да го доведат кај него.+ Кога се приближи, Исус го праша: 41 „Што сакаш да ти направам?“+ Тој одговори: „Господару, направи да прогледам!“+ 42 А Исус му рече: „Прогледај! Твојата вера те оздраве“.+ 43 И веднаш прогледа+ и тргна по него, славејќи го Бог.+ И сиот народ што го виде тоа, го фалеше Бог.