Судиите
3 А ова се народите+ што Јехова ги остави за со нив да ги искушува+ сите оние синови на Израел што не доживеаја ниту една од ханаанските војни,+ 2 а ги остави само за да можат поколенијата на синовите на Израел, кои порано не доживеаја такво нешто, да стекнат воено искуство и да научат да војуваат: 3 пет филистејски кнезови-сојузници,+ сите Ханаанци,+ како и Сидонците+ и Евејците+ што живееја на ливанските+ планини, од планината Ваал-Ермон+ до влезот во Емат.+ 4 Тие останаа за да биде испитан+ Израел и да се види дали ќе ги слуша заповедите што им ги беше дал Јехова на нивните татковци преку Мојсеј.+ 5 Така синовите на Израел живееја меѓу Ханаанците,+ Хетејците, Аморејците, Ферезејците, Евејците и Евусејците.+ 6 И ги земаа за жени нивните ќерки,+ а своите ќерки им ги даваа на нивните синови,+ и почнаа да им служат на нивните богови.+
7 Синовите на Израел го правеа она што е зло во очите на Јехова и го заборавија Јехова, својот Бог,+ па им служеа на Вааловците+ и на обредните диреци.*+ 8 Затоа Јехова пламна од гнев против Израел+ и ги предаде* во рацете+ на Хусан-Рисатаим, царот на Месопотамија.+ И синовите на Израел му служеа на Хусан-Рисатаим осум години. 9 Тогаш синовите на Израел почнаа да го повикуваат Јехова да им помогне.+ И Јехова им подигна спасител+ на синовите на Израел за да ги спаси, имено Готонил,+ синот на Кенез,+ помладиот брат на Халев.+ 10 Јеховиниот дух+ дојде врз него и тој стана судија во Израел. Кога излезе во битка, Јехова го предаде Хусан-Рисатаим, сирискиот цар, во негови раце, и неговата рака го совлада+ Хусан-Рисатаим. 11 Оттогаш земјата беше во мир четириесет години. Потоа умре Готонил, синот на Кенез.
12 А синовите на Израел пак го правеа она што е зло во Јеховини очи.+ Затоа Јехова дозволи Еглон, моавскиот+ цар, да се засили против Израел.+ Јехова го допушти ова затоа што го правеа она што е зло во негови очи.+ 13 И тој ги собра против нив синовите на Амон+ и Амаличаните.+ Тогаш тие излегоа и го нападнаа Израел и го освоија градот на палмите.+ 14 Синовите на Израел му служеа на Еглон, моавскиот цар, осумнаесет години.+ 15 И синовите на Израел почнаа да го повикуваат Јехова да им помогне.+ Тогаш Јехова им подигна спасител, Ехуд,+ синот на Гера Венијаминецот,+ кој беше левучар.+ Синовите на Израел му испратија по него данок на Еглон, моавскиот цар. 16 А Ехуд си направи меч со две сечила,+ долг еден лакот,* и го опаша под облеката на десното бедро.+ 17 И му донесе данок на Еглон, моавскиот+ цар. А Еглон беше многу дебел.
18 Кога го предаде данокот,+ ги распушти луѓето што го носеа данокот. 19 А откако дојдоа до каменоломите на Гилгал,+ тој се врати и рече: „Царе, имам за тебе една тајна порака!“ А овој му рече: „Тивко!“ Тогаш сите што стоеја покрај него си отидоа.+ 20 А Ехуд влезе кај него додека овој седеше сам во ладовината на својата горна соба. И Ехуд рече: „Имам за тебе порака од Бог!“ А тој стана од престолот. 21 Тогаш Ехуд посегна со левата рака по мечот што му беше на десното бедро, го извлече и му го заби во стомакот. 22 Со сечилото влезе и дршката, така што сечилото пропадна во салото, бидејќи не го извлече мечот од стомакот, и почна да излегува измет. 23 А Ехуд ја затвори зад себе вратата од горната соба и ја заклучи, па излезе низ отворот за воздух. 24 Така замина.+
И дојдоа слугите на царот и видоа дека вратата на горната соба беше заклучена. Затоа рекоа: „Сигурно врши нужда+ во ладовината на горната соба“. 25 И чекаа долго, а кога видоа дека вратата на горната соба не се отвора, ги обзеде немир. Тогаш зедоа клуч и отворија, и што да видат: нивниот господар лежи мртов на земја!
26 Додека тие чекаа, Ехуд побегна, ги одмина каменоломите+ и се скри во Сеира. 27 Кога дојде таму, затруби во рог+ на ефремските планини.+ И Израеловите синови се спуштија со него од планините, а тој одеше на чело. 28 Тогаш им рече: „Појдете по мене,+ зашто Јехова ви ги предаде во раце+ вашите непријатели, Моавците!“ И тргнаа по него и ги зазедоа плитките места+ на Јордан, кои беа спроти Моавците, и никому не му дозволија да помине. 29 Тогаш убија околу десет илјади+ Моавци, сите силни и храбри луѓе, не побегна ниту еден од нив.+ 30 Во тој ден Моав беше покорен од раката на Израел и земјата беше во мир осумдесет години.+
31 По него Самегар,+ синот на Анат, го избави Израел, убивајќи шестотини Филистејци+ со остен за говеда.+