Јов
10 Ѝ одмилеа животот на мојата душа.+
Отворено ќе ја изразам грижата што ја чувствувам поради својата состојба.
Ќе зборувам од горчина во душата.
2 Ќе му речам на Бог: ‚Немој да ме прогласиш за зол!‘
Објасни ми зошто се спориш со мене!
3 Имаш ли корист од тоа што правиш неправда,+
што го отфрлаш делото од трудот на своите раце+
и со благонаклоност гледаш на намерите на злите?
5 Дали се твоите денови како деновите на смртниот човек,+
и твоите години како човечките денови,
6 па трагаш по мојот престап
и го бараш мојот грев?+
8 Твоите раце го обликуваа и го направија+
секое мое делче, а сега ме проголтуваш.
11 Ме облече со кожа и со месо,
ме сплете со коски и со жили.+
13 Но, во своето срце ти го скри ова,
и добро знам дека тоа беше твојата намера.
14 Ако сум згрешил, а ти си ме гледал+
и не мислиш дека сум невин за мојот престап,+
15 ако сум виновен, тешко мене!+
А ако имам право, не смеам да кренам глава+ —
сит со срам и напоен со неволја.+
16 Ако се возгордее мојата глава,+ ти ќе ме гониш како млад лав,+
и пак ќе го покажеш на мене своето величество.
17 Пред мене ќе доведеш нови сведоци
и твојот гнев кон мене ќе биде уште поголем.
Неволја по неволја ме снаоѓа.
18 Зошто ме извади од мајчината утроба?+
Камо да издивнев, па да не ме видеше ниту едно око!
19 Ќе бев како да не сум постоел никогаш,
од мајчината утроба ќе ме однесеа в гроб!‘
20 Зарем не се малку моите денови?+ Нека ме пушти,
нека го одврати погледот од мене, да се разведрам+ малку
21 пред да отидам онаму од каде што нема да се вратам,+
во земјата на мракот и на густата темнина,+
22 во земја црна како темнината, земја на густата темнина
и на безредието, каде што светлината е иста со темнината!“