Псалми
Давидов псалм.
35 Јехова, води ја мојата парница против моите противници,+
војувај против оние што војуваат против мене.+
2 Земи ги малиот и големиот штит+
и стани за да ми помогнеш!+
3 Извлечи ги копјето и секирата со две сечила и дочекај ги моите прогонители.+
Речи ѝ на мојата душа: „Јас сум твоето спасение“.+
4 Нека бидат посрамени и понижени оние што ја гонат мојата душа.+
Нека отстапат и нека се посрамат оние што ми смислуваат зло.+
6 Нивниот пат нека биде темен и лизгав,+
и ангел Јеховин нека ги гони.
8 Нека дојде врз него пропаста на која не се надева+
и нека се улови во мрежата што самиот ја постави,+
пропаст нека го снајде кога ќе падне во неа.+
10 Сите мои коски нека речат:+
„Јехова, кој е како тебе?+
Го избавуваш страдалникот од оној што е појак од него,+
страдалникот и сиромавиот од оној што ги ограбува“.+
13 А кога тие се разболеа, јас носев козина,+
со пост ја жалостев својата душа+
и на градите ми се враќаше молитвата.+
14 Загрижен за пријателот, за братот свој,+
одев наоколу како оној што тагува по мајка.+
Се згрбавив од жалост.
15 А кога направив погрешен чекор, тие се радуваа и се собираа,+
се собираа против мене,+
и ме удираа кога не се надевав,+
ме распарчуваа и не молчеа.+
17 О Јехова, до кога ќе го гледаш тоа?+
Избави ја мојата душа од нивните жестоки напади,+
мојата душа+ од младите лавови.
19 Нека не се радуваат над мене оние што ми се непријатели без причина,+
нека не намигнуваат пакосно оние што без причина ме мразат.+
21 Ја отвораат ширум устата против мене+
и велат: „Аха, аха, со свои очи ја видовме твојата пропаст!“+
26 Нека се посрамат и засрамат сите+
што се радуваат на мојата неволја.+
Нека се облечат во срам+ и понижување оние што вообразено се креваат против мене.+