На управителот, за „Криновите“.+ Давидов псалм.
69 Спаси ме, Боже, зашто водите ѝ се закануваат на мојата душа.+
2 Потонав во длабока тиња, нема дно за да застанам.+
Се најдов во длабоки води,
струјата ме носи.+
3 Премалев од викање,+
грлото ми засипна,
очите ми ослабеа додека го чекав мојот Бог.+
4 Оние што без причина ме мразат ги има повеќе отколку влакната на мојата глава.+
Оние што сакаат да ме погубат, кои ми се непријатели без причина, се многу на број.+
Она што не сум го ограбил, морам да го враќам.
5 Боже, ти ја знаеш мојата безумност,
мојата вина не е скриена од тебе.+
6 Нека не се посрамат поради мене оние што се надеваат на тебе,+
Севишен Господару, Јехова над војските!+
Нека не бидат понижени поради мене оние што те бараат,+
Боже Израелов!+
7 Зашто, заради тебе поднесувам подбив,+
понижување го покрива моето лице.+
8 Им станав туѓинец на своите браќа,+
странец на синовите на мојата мајка.+
9 Зашто, ревноста за домот твој ме изеде,+
подбивите на оние што тебе ти се подбиваа, паѓаат на мене.+
10 Плачам и постам со својата душа,+
но тоа ме изложува на подбив.+
11 Откако зедов козина за облека,
ме спомнуваат со презир.+
12 Оние што седат на портите зборуваат за мене,+
за мене пеат оние што пијат опојни пијалаци.+
13 А јас тебе ти се молам, Јехова,+
во времето на твоето милосрдие, Боже.+
Според твојата голема милост услиши ме, и покажи дека си вистински спасител.+
14 Избави ме од тињата, за да не потонам.+
Избави ме од оние што ме мразат+ и од длабоките води.+
15 Нека не ме однесе водната струја,+
нека не ме проголта длабочината,
бунарот нека не ја затвори устата над мене.+
16 Услиши ме, Јехова, зашто твојата милост е добра.+
Според твоето големо милосрдие погледни ме,+
17 немој да го криеш лицето од својот слуга.+
На големи маки сум, затоа услиши ме брзо!+
18 Приближи ѝ се на мојата душа, избави ја,+
од моите непријатели откупи ме!+
19 Ти го знаеш мојот подбив и мојот срам и моето понижување.+
Пред тебе се сите оние што ми се противат.+
20 Подбивањето ми го скрши срцето, раната е неизлечлива.+
Се надевав дека некој ќе ми покаже сочувство, но немаше таков,+
и дека некој ќе ме утеши, но не најдов таков.+
21 Туку за јадење ми дадоа отровна билка,+
жедта сакаа да ми ја згаснат со оцет.+
22 Нивната трпеза пред нив нека им стане замка+
и она што е за нивно добро нека им стане стапица.+
23 Очите нека им потемнат за да не гледаат,+
и нека им се тресат бедрата постојано.+
24 Излеј ја својата осуда+ врз нив
и нека ги стигне твојот распламтен гнев.+
25 Нивниот логор нека запусти,+
во нивните шатори нека нема жители.+
26 Зашто, го прогонуваат оној кого ти го удри+
и постојано зборуваат за болките на оние што ги прободе.
27 На нивната вина додај уште поголема вина+
и нека не дојдат во твојата праведност.+
28 Нека бидат избришани од книгата на живите+
и нека не бидат запишани со праведниците.+
29 А јас сум во неволја и во болка.+
Твоето спасение, Боже, нека ме заштити!+
30 Со песна ќе го фалам+ Божјето име
и ќе го величам Бог со благодарности.+
31 Тоа на Јехова ќе му биде помило од бик,+
од рогат јунец со раздвоени копита.+
32 Кротките ќе го видат тоа и ќе се радуваат.+
Вие кои го барате Бог, нека живее вашето срце!+
33 Зашто, Јехова ги слуша сиромасите,+
тој нема да ги презре своите заробеници.+
34 Нека го фалат небото и земјата,+
морињата и сѐ што се движи во нив.+
35 Зашто, Бог ќе го спаси Сион+
и ќе ги изгради градовите на Јуда.+
Тие ќе живеат таму и ќе ја заземат земјата.+
36 Потомците на неговите слуги ќе ја наследат+
и оние што го сакаат неговото име ќе живеат на неа.+