114 Кога Израел излезе од Египет,+
домот Јаковов — од народ што зборува неразбирливо,+
2 Јуда стана негово светилиште,+
Израел — негово славно царство.+
3 Од глетката што ја виде морето избега,+
а Јордан се сврте назад.+
4 Планините потскокнуваа како овни,+
ридовите — како јагниња.
5 О море, што ти стана, та побегна,+
и тебе, Јордане, та се сврте назад?+
6 Планини, зошто потскокнувавте како овни,+
а вие, ридови, како јагниња?+
7 Земјо, биди во тешка болка поради Господарот,+
поради Богот Јаковов,
8 кој ја претвора карпата во езеро,+
и кремен-карпата — во воден извор!+