Псалми
На управителот. Давидов псалм. Песна.
139 Јехова, ти проникна во мојата внатрешност и ме познаваш.+
5 Одназад и однапред ме опколи
и својата рака ја стави на мене.
8 Да се искачам и на небото, ти би бил таму,+
кога би го прострел во гробот* своето легло, гледај, ти би бил и таму.+
9 Кога би ги зел крилјата+ на зората
за да се населам на најдалечното море,+
10 и таму би ме водела твојата рака,+
твојата десница би ме држела.+
11 Кога би рекол: „Брзо ќе ме покрие темнината“+ —
тогаш ноќта околу мене би се претворила во светлина.+
12 Ниту темнината не би била претемна за тебе,+
туку ноќта би сјаела како ден,+
темнината би била како светлина.+
14 Те фалам, полн со страхопочит, зашто сум чудесно создаден.+
Твоите дела се чудесни,+
и мојата душа тоа добро го знае.+
15 Моите коски не ти беа скриени+
додека бев создаван во тајност,+
додека ме ткаеше во најдлабоките длабочини+ на земјата.
16 Твоите очи ме видоа додека бев зародок,+
во твојата книга сите негови делови беа запишани
— и деновите кога настануваа+ —
кога уште немаше ниту еден.
19 О Боже, кога би сакал да го убиеш злиот!+
Тогаш би се тргнале од мене луѓето што се виновни за крв,+
20 кои го зборуваат за тебе она што самите го смислуваат,+
оние што недостојно го спомнуваат твоето име+ — твоите противници.+