Псалми
Давидов псалм.
144 Нека е благословен Јехова, мојата Карпа+
— кој ги учи моите раце на бој,+
моите прсти на војна —
2 мојот добротвор* и мојата тврдина,+
мојата сигурна тврдина на високо место и мојот избавител,+
мојот штит,+ моето прибежиште,+
оној што ми покорува народи!+
3 О Јехова, што е човекот за да му обрнуваш внимание,+
синот на смртниот човек+ за да се грижиш за него?
7 Испружи ги рацете од висината,+
ослободи ме и избави ме од големите води,+
од рацете на туѓинците,+
8 чија уста зборува невистини+
и чија десница е лажлива десница!+
9 О Боже, ќе ти пеам нова песна.+
На инструмент со десет жици ќе ти свирам тебе,+
10 кој им даваш спасение на цареви+
и го избавуваш Давид, својот слуга, од погубниот меч.+
11 Ослободи ме и избави ме од рацете на туѓинците,+
чија уста зборува невистини+
и чија десница е лажлива десница.+
12 Тие велат: „Нашите синови се како млади билки, созреани уште во својата младост,+
нашите ќерки — како аголни столбови, изделкани како во палати,
13 нашите амбари се полни, изобилуваат со секакви производи,+
нашите стада овци се намножија илјадници пати, десет илјади пати, по нашите места.
14 Нашите крави се стелни, и немаат никакво оштетување и ниту една не пометнува.+
Нема викотница на нашите плоштади.+