На управителот, за „Срна во зората“. Давидова песна.
22 Боже мој, Боже мој, зошто ме остави?+
Зошто си далеку од моето спасение,+
далеку од зборовите на мојот лелек?+
2 О Боже мој, дење те викам, а ти не одговараш,+
ноќе те викам и не престанувам.+
3 А ти си свет,+
опкружен со фалбите на Израел.+
4 Во тебе имаа доверба нашите татковци,+
имаа доверба, и ти ги избавуваше.+
5 Кон тебе викаа,+ и беа спасени.+
Во тебе имаа доверба, и не се посрамија.+
6 А јас сум црв,+ а не човек,
за потсмев на луѓето и за презир на народот.+
7 Сите што ме гледаат ми се потсмеваат,+
подбивно ја отвораат устата, нишаат со главата и велат:+
8 „Се потпре на Јехова.+ Тој нека го спаси!+
Тој нека го избави, кога му е толку мил!“+
9 Зашто, ти ме изведе од мајчината утроба,+
ти ми влеа доверба додека бев на градите на мајка ми.+
10 Тебе сум ти доверен од раѓање,+
од утробата на мајка ми, ти си мојот Бог.+
11 Не стој далеку од мене, зашто неволјата е близу,+
зашто друг помошник немам.+
12 Ме опколи мноштво од млади бикови,+
силни васански бикови ме опкружија.+
13 Против мене ја отвораат устата,+
како лав што раскинува плен и рика.+
14 Се разлевам како вода,+
ми се разглобија сите коски.+
Срцето ми стана како восок,+
се топи длабоко во мојата внатрешност.+
15 Силата ми се исуши како цреп+
и јазикот ми се залепи за непцето,+
во правот смртен ме положуваш.+
16 Зашто, кучиња ме опколија,+
толпа злосторници ме опкружија.+
Како лав ми се нафрлија на рацете и нозете.+
17 Сите коски можам да си ги пребројам.+
Тие гледаат втренчено во мене.+
18 Моите алишта ги делат меѓу себе+
и фрлаат ждрепка за мојата облека.+
19 Но ти, Јехова, не стој далеку!+
Сило моја,+ побрзај да ми помогнеш!+
20 Избави ја од мечот мојата душа,+
мојата драгоцена душа — од шепата кучешка.+
21 Спаси ме од устата на лавот,+
услиши ме и спаси ме од роговите на дивите бикови.+
22 Ќе им го објавувам твоето име+ на своите браќа,+
ќе те фалам среде насобраното мноштво.+
23 Фалете го Јехова, вие што се боите од него!+
Славете го, сите вие кои сте потомство на Јаков!+
Бидете во страв пред него, сите вие кои сте потомство на Израел!+
24 Зашто, тој не ја презира+ неволјата на страдалникот,+
ниту му е таа одвратна.
Своето лице не го скри од него+
и го чу кога викаше кон него за помош.+
25 Поради твоите дела ќе те фалам во големото насобрано мноштво,+
своите завети ќе ги извршам пред оние што се бојат од него.+
26 Кротките ќе јадат и ќе се наситат,+
ќе го фалат Јехова оние што го бараат.+
Вашите срца нека живеат засекогаш.+
27 На Јехова ќе се сетат сите земски краишта и ќе се обратат кон него.+
И племињата од сите народи ќе се поклонат пред тебе.+
28 Зашто, на Јехова му припаѓа царската власт,+
тој владее со народите.+
29 Сите на земјата што се гордеат со своето богатство, ќе јадат и ќе се поклонат,+
пред него ќе се поклонат сите оние што заминуваат во правот,+
и никој нема да ја зачува жива својата душа.+
30 Потомство ќе му служи нему,+
за Јехова ќе му се кажува на идното поколение.+
31 Ќе дојдат и ќе му раскажуваат за неговата праведност+
на народот што ќе се роди, и ќе речат дека Тој го направи тоа.+