Исаија
62 Заради Сион, нема да молчам,+ заради Ерусалим,+ нема да мирувам додека неговата праведност не засвети како светлост+ и неговото спасение како запален факел.+
2 „Народите ќе ја видат твојата праведност,+ жено,+ и сите цареви — твојата слава.+ И ќе те наречат со ново име,+ кое ќе го одреди устата на Јехова. 3 Ќе бидеш прекрасна круна во раката на Јехова,+ царски турбан на дланката на својот Бог. 4 За тебе повеќе нема да се зборува дека си оставена,+ и за твојата земја повеќе нема да велат дека е напуштена,+ туку тебе ќе те викаат Моја Радост,+ а твојата земја — Жена Што Има Маж.* Зашто, ти ќе бидеш радост Јеховина, а твојата земја ќе има свој маж.+ 5 И како што момче зема девојка за жена, така твоите синови ќе те земат тебе за жена.+ И како што младоженецот ѝ се радува на својата невеста,+ така мојот Бог ќе ти се радува тебе.+ 6 На твоите ѕидови, Ерусалиме, поставив стражари.+ Никогаш, ни дење ни ноќе, не смеат да молчат.+
Вие што го спомнувате Јехова,+ немојте да молчите+ 7 и не давајте му мир додека не го утврди Ерусалим, додека не го направи фалба на земјата.“+
8 Јехова се заколна во својата десница+ и во својата силна рака:+ „Твоето жито нема повеќе да им го давам за храна на твоите непријатели,+ и нема повеќе туѓинци да го пијат твоето младо вино+ за кое си се трудел. 9 Ќе го јадат оние што го жнееле, и ќе го фалат Јехова. Оние што го береле грозјето ќе го пијат во моите свети дворови“.+
10 Поминете, поминете низ вратата! Исчистете му го патот на народот!+ Насипете, насипете го друмот! Отстранете ги камењата од него!+ Подигнете им собирен знак на народите!+
11 Еве, Јехова објавува до крајот на земјата:+ „Речете ѝ на сионската ќерка:+ ‚Еве, твоето спасение доаѓа.+ Еве, кај него е наградата што ја дава,+ пред него е платата што ја дели!‘ “+
12 Луѓето ќе ги викаат свет народ,+ оние што ги откупил Јехова,+ а тебе ќе те викаат Барана, Град Што Не Е Оставен.+