1. Коринќаните
1 Од Павле, по Божја волја+ повикан за апостол+ на Исус Христос, и Состен,+ нашиот брат, 2 до Божјето собрание* во Коринт,+ вам кои сте посветени+ во единство со Христос Исус, повикани да бидете свети,+ како и сите што насекаде го повикуваат името+ на нашиот Господар, Исус Христос, нивниот и наш Господар:+
3 Бог,+ нашиот Татко, и Господарот* Исус Христос+ нека ви дадат незаслужена доброта+ и мир!
4 Секогаш му благодарам на Бог за вас поради Божјата незаслужена доброта,+ која ви е покажана во Христос Исус.+ 5 Му благодарам што се збогативте+ во него во сѐ — во својата способност за проповедање и во сето потребно знаење+ — 6 зашто сведоштвото за Христос+ се утврди меѓу вас, 7 па не ви недостасува ниту еден дар,+ додека нестрпливо очекувате да се појави нашиот Господар Исус Христос.+ 8 Бог ќе ве направи и постојани+ до крајот за да бидете без никаква вина+ во денот+ на нашиот Господар Исус Христос.+ 9 Верен е Бог,+ кој ве повика во единство+ со својот Син Исус Христос, нашиот Господар.
10 Ве поттикнувам,+ браќа, преку името+ на нашиот Господар Исус Христос, сите да зборувате едно+ и меѓу вас да нема поделби,+ туку да бидете потполно обединети со ист ум и со ист начин на размислување.+ 11 Всушност, домашните на Хлое ми јавија+ за вас, браќа мои, дека меѓу вас има караници. 12 Мислам на тоа што секој од вас вели: „Јас сум на Павле“, „А јас на Аполо“,+ „А јас на Кифа“, „А јас на Христос“. 13 Значи, Христос е разделен.+ Зарем Павле беше прикован на столб* за вас? Или во Павлово име се крстивте?+ 14 Благодарен сум му на Бог што не крстив никого од вас, освен Крисп+ и Гај,+ 15 па никој не може да рече дека сте крстени во мое име. 16 Да, го крстив и домот на Стефан.+ Инаку, не знам дали сум крстил уште некого. 17 Зашто, Христос не ме испрати+ да крштавам, туку да ја објавувам добрата вест, и тоа не со мудри зборови,+ за да не се обезвредни Христовиот маченички столб.
18 Зашто, она што се зборува за маченичкиот столб е глупост+ за оние што одат во пропаст,+ а за нас кои се спасуваме,+ тоа е Божја сила.+ 19 Зашто, напишано е: „Ќе ја уништам мудроста на мудреците+ и ќе ја отфрлам+ умноста на умните“.+ 20 Каде се мудреците на овој свет?*+ Каде се книжниците?+ Каде се оние што сакаат да расправаат?+ Зарем Бог не ја претвори мудроста на светот во глупост?+ 21 Зашто, Божјата мудрост се покажува во ова: светот со својата мудрост+ не го запозна Бог,+ но Бог одлучи преку глупоста+ на она што се проповеда да ги спаси оние што веруваат.
22 Зашто, Евреите бараат чудесни знаци+ и Грците бараат мудрост,+ 23 а ние го проповедаме Христос прикован на столб,+ кој за Евреите е камен за спрепнување,+ а за незнабошците глупост,+ 24 но за повиканите — и за Евреите и за Грците — Христос, кој е Божја сила+ и Божја мудрост.+ 25 Зашто, Божјата „глупост“ е помудра од луѓето и Божјата „слабост“ е посилна од луѓето.+
26 Зашто, гледате, браќа, дека меѓу вас кои сте повикани нема мнозина мудри+ според човечките мерила,+ ниту мнозина моќни,+ ниту мнозина со благородничко потекло. 27 Напротив, она што светот го смета за глупаво, Бог го избра+ за да ги посрами мудреците, и она што светот го смета за слабо, Бог го избра за да го посрами она што е јако,+ 28 и она што светот го смета за неблагородно и го презира, она што го смета за безвредно, Бог го избра+ за да го уништи она што светот го смета за вредно,+ 29 за да не може ниту еден човек да се фали+ пред Бог. 30 Но Бог ви овозможи да бидете во единство со Христос Исус, кој нам ни стана мудрост+ од Бог, и праведност+ и посветеност+ и ослободување преку откупнината,+ 31 за да биде како што е напишано: „Кој се фали, со Јехова нека се фали!“+