Филипјаните
3 На крајот, браќа мои, радувајте се во Господарот.+ Мене не ми е тешко да ви пишувам едно исто, а вам тоа ви е заштита.
2 Чувајте се од нечистите луѓе,*+ чувајте се од оние што им нанесуваат зло на другите, чувајте се од оние што бараат да се обрежува телото.+ 3 Зашто, ние имаме вистинско обрежување,+ ние кои служиме* преку Божјиот дух+ и се фалиме со Христос Исус,+ а не се надеваме на телото.+ 4 А ако некој има причини да се надева и на телото, тогаш тоа сум јас.
Смета ли некој друг дека има причини да се надева на телото, јас ги имам уште повеќе:+ 5 обрежан во осмиот ден,+ од израелски род, од племето на Венијамин,+ Евреин роден од Евреи,+ по законот — фарисеј,*+ 6 по ревноста — прогонител на собранието,*+ по праведноста која произлегува од послушноста кон законот — беспрекорен. 7 Но она што ми беше добивка, поради Христос го сметам за загуба.+ 8 И не само тоа, дури сметам дека сѐ е загуба во споредба со ненадминливата вредност на познавањето на Христос Исус, мојот Господар.*+ Поради него јас се согласив да изгубам сѐ и сето тоа го сметам за смет,+ само да го добијам Христос 9 и да се најдам во единство со него — не потпирајќи се на својата праведност, која произлегува од вршењето на законот,+ туку на онаа што доаѓа поради верата+ во Христос, на праведноста која доаѓа од Бог, а се темели на верата+ — 10 за да го запознаам него и силата на неговото воскресение+ и учеството во неговите страдања,+ подложувајќи се на смрт слична на неговата,+ 11 за да можам некако да го постигнам пораното воскресение+ од мртвите.
12 Не велам дека веќе сум ја добил наградата или дека веќе сум станал совршен,+ туку се трудам+ за и јас некако да го освојам+ она поради кое Христос Исус ме избрал*+ мене. 13 Браќа, јас не сметам дека веќе сум го освоил тоа. Но едно правам: го заборавам она што е зад мене+ и се трудам да го дофатам она што е пред мене,+ 14 итам кон целта,+ кон наградата+ на небесниот позив+ Божји преку Христос Исус. 15 Затоа, така да размислуваме+ сите ние што сме зрели.+ И ако во што и да било друго размислувате поинаку, Бог ќе ви открие дека треба да размислувате така како што опишав. 16 Но сеедно колку сме напредувале досега, да продолжиме да одиме со истиот вообичаен чекор.+
17 Браќа, сите вие заедно угледајте се на мене*+ и набљудувајте ги оние што живеат* по примерот што ви го дадовме.+ 18 Зашто, мнозина — често зборував за нив, а и сега плачејќи зборувам за нив — живеат* како непријатели на Христовиот маченички столб.*+ 19 Крајот им е пропаст,+ нивни бог се желбите на телото,*+ славата им е во нивниот срам+ и мислат на она што е земно.+ 20 А нашето граѓанство+ е на небесата,+ од каде што желно очекуваме+ спасител, Господарот Исус Христос,+ 21 кој ќе го преобликува нашето понижено тело+ за да биде како неговото славно тело,+ со силата+ со која може сѐ да подложи+ под себе.