5. Мојсеева
5 И Мојсеј го свика сиот Израел+ и му рече: „Чуј ги, Израеле, уредбите и законите+ што ви ги објавувам денес за да ги чуете со свои уши! Научете ги и совесно постапувајте според нив.+ 2 Јехова, нашиот Бог, склучи со нас сојуз на Хорив.+ 3 Тој сојуз Јехова не го склучи со нашите прататковци, туку со нас, со сите од нас кои сме денес живи тука. 4 Лице в лице зборуваше Јехова со вас од огнот на планината.+ 5 Јас стоев тогаш меѓу Јехова и вас+ за да ви ја објавам Јеховината реч, зашто се плашевте од огнот и не се качивте на планината.+ И тој рече:
6 ‚Јас сум Јехова, твојот Бог,+ кој те изведе од египетската земја, од куќата на ропството.+ 7 Немој да имаш други богови освен мене.+
8 Немој да правиш режан лик,+ ништо што личи+ на она што е горе на небото или долу на земјата или во водите под земјата. 9 Немој да им се клањаш и немој да им служиш,+ зашто јас, Јехова, сум твојот Бог, Бог кој бара да му се покажува оддаденост само нему.*+ За престапите на татковците ги казнувам синовите на оние што ме мразат, и до третото и до четвртото колено,+ 10 а му покажувам милост* и на илјадитото колено на оние што ме сакаат и ги држат моите заповеди.+
11 Не споменувај го на недостоен начин името на Јехова, својот Бог,+ зашто Јехова нема да го остави неказнет оној што недостојно го споменува неговото име.+
12 Држи го денот за одмор* и нека ти биде свет, како што ти заповеда Јехова, твојот Бог.+ 13 Шест дена работи и заврши ја сета своја работа.+ 14 А седмиот ден е ден за одмор посветен на Јехова, твојот Бог.+ Немој да работиш никаква работа,+ ни ти, ни син ти, ни ќерка ти, ни твојот роб, ни твојата робинка, ни твојот бик, ни твоето магаре, ни целата твоја стока, ни дојденецот што живее со тебе во твојот град,+ за да се одморат твојот роб и твојата робинка како и ти.+ 15 Сети се дека и ти беше роб во египетската земја+ и дека оттаму те изведе Јехова, твојот Бог, со силна рака и со подигната мишка.+ Затоа Јехова, твојот Бог, ти заповеда да го држиш денот за одмор.+
16 Почитувај ги татка си и мајка си,+ како што ти заповеда Јехова, твојот Бог, за да ти се продолжат деновите и да ти биде добро+ на земјата што ти ја дава Јехова, твојот Бог.
17 Не убивај!+
18 Не врши прељуба!+
19 Не кради!+
20 Не сведочи лажно против својот ближен!+
21 Не посакувај ја жената на својот ближен!+ Немој себично да копнееш по куќата на својот ближен, ни по неговата нива, ни по неговиот роб, ни по неговата робинка, ни по неговиот бик, ни по неговото магаре, ни по што и да е друго што му припаѓа на твојот ближен‘.+
22 Тие заповеди* ги изговори Јехова со својот силен глас на планината, од огнот,+ од облакот и од густата темнина, пред целата ваша заедница,* и ништо не додаде. Потоа ги напиша на две камени плочи, кои ми ги даде мене.+
23 А кога го слушнавте гласот од темнината, додека планината гореше во пламен,+ ми пристапивте мене, сите поглавари на вашите племиња и вашите старешини. 24 И рековте: ‚Еве, Јехова, нашиот Бог, ни ја покажа својата слава и својата величина, и го чувме неговиот глас од огнот.+ Денес видовме дека човек може да остане жив иако Бог зборува со него.+ 25 А сега, зошто да умреме? Овој голем оган може да нѐ проголта.+ Ако го слушаме и понатаму гласот на Јехова, нашиот Бог, ќе умреме.+ 26 Зашто, кој од сите луѓе го слушнал гласот на живиот Бог+ како зборува од оган, како што го слушнавме ние, и останал жив? 27 Ти појди поблиску и слушај сѐ што ќе ти каже Јехова, нашиот Бог, а потоа пренеси ни го нам сето она што ќе ти го каже тебе Јехова, нашиот Бог,+ а ние ќе го послушаме тоа и ќе постапиме според тоа‘.
28 И Јехова ги чу вашите зборови кога ми зборувавте, и Јехова ми рече: ‚Ги чув зборовите што ти ги кажа тебе овој народ. Добро е сѐ што рекоа.+ 29 Само кога нивните срца би биле секогаш такви, да се бојат од мене+ и да ги држат моите заповеди!+ Тогаш би им било добро и ним и на нивните синови довека.+ 30 Оди и кажи им: „Вратете се во своите шатори!“ 31 А ти остани овде кај мене за да ти ги објавам сите заповеди, уредби и закони за кои ќе ги поучиш+ и според кои ќе постапуваат во земјата што им ја давам да ја заземат‘. 32 А вие совесно постапувајте според она што ви го заповеда Јехова, вашиот Бог.+ Не отстапувајте ни надесно ни налево.+ 33 Во сѐ одете по патот што ви го одреди+ Јехова, вашиот Бог, за да останете живи и да ви биде добро+ и да ги продолжите своите денови во земјата што ќе ја заземете.