Јов
3 Еве, десет пати ме укоривте,
и не ви е срам што сте толку сурови кон мене.+
4 Дури и да сум згрешил,+
на мене останува мојата грешка.
5 Но, ако вие се дигате на високо против мене+
и велите дека го заслужувам својот срам,+
6 тогаш знајте дека Бог ме завел
и со својата ловечка мрежа ме обвил.+
8 Тој ми го загради патот со каменен ѕид,+ па не можам да поминам,
моите патеки ги обвива со темнина.+
9 Ја соблече од мене мојата слава,+
ми ја симнува круната од глава.
10 Ме руши од сите страни, и исчезнувам,
ми ја откорнува надежта како дрво.
11 Неговиот гнев се распали против мене+
и ме смета за свој противник.
12 Неговата војска доаѓа сложно и го насипува својот пат против мене,+
подига логор околу мојот шатор.
13 Браќата мои тој ги оддалечи од мене,+
оние што ме познаваа ми свртија грб.
14 Ги снема моите пријатели,+
ме заборавија моите познајници,
15 оние што беа гости во мојата куќа.+ Моите робинки ме гледаат како да сум странец.
Во нивни очи станав туѓинец.
16 Го повикувам својот слуга, но тој не се одѕива.
Со својата уста го молам да ми се смилува.
17 Здивот мој ѝ е одвратен на мојата жена,+
им се гадам на синовите што се излезени од утробата на мојата мајка.
18 И малите деца ме презираат,+
а кога ќе станам, зборуваат против мене.
22 Зошто ме прогонувате како и Бог,+
и никако да се наситите со моето месо?
23 Да беа запишани моите зборови!
Да беа ставени во книга!
24 Со железно перо+ и со олово да беа
во камен изделкани засекогаш!
26 И откако ми ја одраа кожата — ете што имам сега!
Иако се истроши моето тело, ќе го гледам Бог,
27 јас самиот ќе го гледам,+
него ќе го видат моите очи, а не очите на некој туѓинец.*
Моите бубрези венеат во мене.
28 Вие велите: ‚Зошто го прогонуваме?‘+ —
а сметате дека коренот на сѐ лежи во мене.