Даниел
12 Во тоа време ќе стане Михаел,*+ големиот кнез,+ кој стои+ и им помага на синовите на твојот народ.+ И ќе дојде време на неволја каква што немало откако постои народ, па до тоа време.+ Во тоа време твојот народ ќе се избави,+ секој што ќе се најде запишан во книгата.+ 2 И мнозина од оние што спијат во земниот прав ќе се разбудат,+ едни за вечен живот,+ а други за срам и за вечно гнасење.+
3 Оние што се разборити* ќе блескаат како сјајниот небесен свод,+ и оние што доведуваат мнозина до праведност+ ќе сјаат како ѕвездите довека, во сета вечност.
4 А ти, Даниеле, затвори ги* овие зборови и запечати ја книгата+ до времето на крајот!+ Многумина ќе пребаруваат, и вистинското знаење ќе се умножи“.+
5 Тогаш јас, Даниел, погледнав, и гледај, стоеја други двајца,+ едниот на овој брег од реката, а другиот на оној брег од реката.+ 6 И едниот од нив му рече на човекот облечен во ленена облека,+ кој беше над водите на реката: „Кога ќе биде крајот на овие чудеса?“+ 7 И го чув човекот облечен во ленена облека, кој беше над водата во реката. Подигајќи ги кон небото десната и левата рака, се заколна+ во оној што живее вечно:+ „Тоа ќе биде за едно време, за две времиња и за половина време.+ Штом ќе заврши разбивањето на силата на светиот народ,+ ќе се заврши и сето ова“.
8 А јас го чув тоа, но не го разбрав.+ Затоа реков: „Господару мој, каков ќе биде крајот на ова?“+
9 А тој рече: „Оди, Даниеле, зашто овие зборови се тајна и запечатени се до времето на крајот.+ 10 Мнозина ќе се очистат,+ ќе се избелат+ и ќе се пречистат.+ А злите ќе прават зло,+ и ниту еден зол нема да го разбере тоа,+ но ќе разберат оние што се разборити.+
11 А од времето кога ќе биде укината+ секојдневната жртва+ и кога ќе биде поставена гадотијата+ која пустоши, ќе бидат илјада двесте и деведесет дена.
12 Среќен е+ оној што стрпливо чека и ќе дочека илјада триста триесет и пет дена!
13 А ти оди кон својот крај.+ Ќе почиваш,+ но на крајот од деновите ќе станеш за да го добиеш своето наследство“.+