1. Мојсеева
5 Ова е книга за животот* на Адам. Во денот кога Бог го создаде Адам, го направи сличен на себеси.+ 2 Ги создаде машко и женско.+ А во денот кога беа создадени,+ тој ги благослови и ги нарече — човек.+
3 А кога Адам имаше сто и триесет години, му се роди син сличен на него, според неговиот лик, и му го даде името Сет.+ 4 Откако му се роди Сет, Адам поживеа уште осумстотини години. За тоа време му се родија и други синови и ќерки.+ 5 Така, Адам живееше вкупно деветстотини и триесет години, па умре.+
6 А кога Сет имаше сто и пет години, му се роди Енос.+ 7 Откако му се роди Енос, Сет поживеа уште осумстотини и седум години. За тоа време му се родија и други синови и ќерки. 8 Така, Сет живееше вкупно деветстотини и дванаесет години, па умре.
9 А кога Енос имаше деведесет години, му се роди Кенан.+ 10 Откако му се роди Кенан, Енос поживеа уште осумстотини и петнаесет години. За тоа време му се родија и други синови и ќерки. 11 Така, Енос живееше вкупно деветстотини и пет години, па умре.
12 А кога Кенан имаше седумдесет години, му се роди Малелеил.+ 13 Откако му се роди Малелеил, Кенан поживеа уште осумстотини и четириесет години. За тоа време му се родија и други синови и ќерки. 14 Така, Кенан живееше вкупно деветстотини и десет години, па умре.
15 А кога Малелеил имаше шеесет и пет години, му се роди Јаред.+ 16 Откако му се роди Јаред, Малелеил поживеа уште осумстотини и триесет години. За тоа време му се родија и други синови и ќерки. 17 Така, Малелеил живееше вкупно осумстотини деведесет и пет години, па умре.
18 А кога Јаред имаше сто шеесет и две години, му се роди Енох.+ 19 Откако му се роди Енох, Јаред поживеа уште осумстотини години. За тоа време му се родија и други синови и ќерки. 20 Така, Јаред живееше вкупно деветстотини шеесет и две години, па умре.
21 А кога Енох имаше шеесет и пет години, му се роди Метузалем.+ 22 Откако му се роди Метузалем, Енох одеше со вистинскиот Бог* уште триста години. За тоа време му се родија и други синови и ќерки. 23 Така, Енох живееше вкупно триста шеесет и пет години. 24 И за сето тоа време Енох одеше+ со вистинскиот Бог.+ Потоа го снема, бидејќи Бог го зеде.*+
25 А кога Метузалем имаше сто осумдесет и седум години, му се роди Ламех.+ 26 Откако му се роди Ламех, Метузалем поживеа уште седумстотини осумдесет и две години. За тоа време му се родија и други синови и ќерки. 27 Така, Метузалем живееше вкупно деветстотини шеесет и девет години, па умре.
28 А кога Ламех имаше сто осумдесет и две години, му се роди син. 29 И му го даде името Ное,*+ велејќи: „Овој ќе ни донесе одмор од нашата работа и од маката на нашите раце што ни ја задава земјата, која ја проколна Јехова“.+ 30 Откако му се роди Ное, Ламех поживеа уште петстотини деведесет и пет години. За тоа време му се родија и други синови и ќерки. 31 Така, Ламех живееше вкупно седумстотини седумдесет и седум години, па умре.
32 А на Ное, откако наполни петстотини години, му се родија Сем,+ Хам+ и Јафет.+