Неемија
13 На тој ден се читало+ од Мојсеевата книга+ за да слуша народот, и во неа се нашло запишано дека Амонец+ и Моавец+ не смее да биде примен во заедницата на вистинскиот Бог довека,+ 2 зашто не ги дочекаа синовите на Израел со леб+ и вода,+ туку против нив го најмија Валаам+ за да ги проколне.+ Но, нашиот Бог го претвори проклетството во благослов.+ 3 А кога го чуле тој закон,+ почнале да ги одвојуваат+ сите туѓинци* од Израел.
4 Пред тоа, Елијасив,+ свештеник поставен над трпезариите+ на домот на нашиот Бог, роднина на Товиј,+ 5 уредил за него голема трпезарија,+ каде што порано ги оставаа житните жртви,+ темјанот, приборот, десеттините од житото, од младото вино+ и од маслото+ одредено за левитите,+ пејачите и вратарите, како и прилозите за свештениците.
6 Додека се случувало сето тоа, јас не бев во Ерусалим, зашто, во триесет и втората+ година на Артаксеркс,+ царот на Вавилон, отидов кај царот, а по некое време го замолив царот да ме пушти на отсуство.+ 7 Тогаш се вратив во Ерусалим и дознав за злото што го направил Елијасив+ заради Товиј,+ уредувајќи му трпезарија во дворот на домот+ на вистинскиот Бог. 8 Тоа ми беше многу одвратно.+ Затоа ја исфрлив+ од трпезаријата сета покуќнина на Товиј. 9 Потоа издадов наредба да се очистат+ сите трпезарии,+ и во нив го вратив сиот прибор+ од домот на вистинскиот Бог, како и житната жртва и темјанот.+
10 Дознав дека и левитите не го добивале својот дел,+ така што левитите и пејачите што ја вршеа работата се разбегале, секој на својата нива.+ 11 И почнав да ги прекорувам+ намесниците:+ „Зошто е занемарен домот на вистинскиот Бог?“+ Потоа ги собрав и ги поставив на нивното место. 12 А целиот народ на Јуда донесуваше во складиштата+ десеттина+ од житото,+ од младото вино+ и од маслото.+ 13 И ги поставив над складиштата свештеникот Селемија, препишувачот Садок и Федаија од левитите, и под нивни надзор беше Ханан, синот на Захур, син на Матанија.+ Нив ги сметаа за верни,+ а должност им беше да им го делат+ на своите браќа она што беше донесено.
14 Сети се на мене+ поради тоа, Боже мој, и не бриши ги+ моите дела кои од оддаденост* ги правев за твојот дом+ и се грижев за него.
15 Во тоа време, во Јуда видов луѓе како газат грозје во гмечала на денот за одмор,*+ како донесуваат купови жито и го товараат+ на магариња,+ исто така и вино, грозје, смокви+ и разновидни товари и ги донесуваат во Ерусалим на тој ден.+ И ги опоменував затоа што во тој ден продаваа храна. 16 А во градот живееја и Тирци.+ Тие донесуваа риба и разновидни стоки+ и им ги продаваа на денот за одмор на синовите на Јуда во Ерусалим. 17 Затоа ги прекорив достоинствениците+ на Јуда: „Какво е тоа зло што го правите и го осквернувате денот за одмор? 18 Зар не постапуваа така и вашите прататковци,+ па нашиот Бог ни ја нанесе сета оваа неволја нам+ и на овој град? А вие уште повеќе го разгорувате гневот против Израел, осквернувајќи го денот за одмор“.+
19 И спроти денот за одмор, штом падна сенка на ерусалимските порти, издадов наредба да се затворат портите.+ И уште им реков да не ги отвораат додека не помине денот за одмор. На портите поставив неколку свои слуги за да не се внесе на тој ден никаков товар.+ 20 Еднаш, а и по втор пат, трговците и продавачите на разновидни стоки ноќеваа надвор од Ерусалим. 21 Тогаш ги предупредив:+ „Зошто ноќевате пред ѕидот? Ако го сторите тоа уште еднаш, ќе дигнам рака на вас“.+ Оттогаш повеќе не доаѓаа на денот за одмор.
22 Потоа им реков на левитите+ дека треба редовно да се чистат+ и да доаѓаат и да ги чуваат портите+ за да биде свет+ денот за одмор. И за ова сети се на мене,+ Боже мој, и смилувај ми се поради изобилството на твојата голема милост.*+
23 Во тоа време видов и Евреи кои си зеле за жени+ Азотки,+ Амонки и Моавки.+ 24 И половината нивни синови зборуваа азотски и не знаеја да зборуваат хебрејски,+ туку на јазик на други народи. 25 Затоа почнав да ги прекорувам и да ги преколнувам,+ а некои од нив и ги тепав,+ ги тргав за коса и ги заколнував во Бога:+ „Немојте да им ги давате своите ќерки на нивните синови и не земајте ги нивните ќерки за своите синови или за себе.+ 26 Зар не згреши поради нив и Соломон, царот на Израел?+ А меѓу многуте народи немаше цар како него.+ Неговиот Бог го сакаше,+ па затоа го постави за цар на целиот Израел. Но и него туѓинките го наведоа на грев.+ 27 Не е ли срамно сето тоа големо зло, тоа неверство што му го правите на нашиот Бог земајќи си туѓинки за жени?“+
28 А еден од синовите на Јојад,+ синот на првосвештеникот Елијасив,+ му беше зет на Санавалат+ Оронецот.+ Затоа го избркав откај себе.+
29 Сети се на нив, Боже мој, затоа што го извалкаа+ свештенството и свештеничкиот и левитскиот+ сојуз.+
30 И јас ги очистив+ од сѐ што беше туѓо и им одредив должности на свештениците и на левитите, одредувајќи му ја секому неговата работа,+ 31 и во одредено време да се набавуваат дрва+ и да се донесуваат првините.