Дела на апостолите
13 А во собранието во Антиохија имаше пророци+ и учители: Варнава, Симеон, наречен Нигер, Луциј+ Кириниецот, Манаин, кој се школуваше со тетрархот* Ирод,* и Савле. 2 И додека еднаш тие ја вршеа Јеховината служба+ и постеа, светиот дух рече: „Одвојте ми ги Варнава и Савле+ за делото за кое ги повикав!“ 3 И откако постеа и се молеа, ги положија рацете+ врз нив и ги отпуштија.
4 Така тие, испратени од светиот дух, отидоа во Селеукија, а оттаму отпловија за Кипар. 5 И кога дојдоа во Саламис, почнаа да ја објавуваат Божјата реч во еврејските синагоги. Со себе го имаа и Јован+ како помошник.
6 А кога го поминаа целиот остров до Пафос, наидоа на еден гаталец, лажен пророк,+ Евреин кој се викаше Варисус 7 и беше со проконзулот* Сергиј Павле, разборит човек. Овој ги повика кај себе Варнава и Савле и замоли да ја чуе Божјата реч. 8 Но Елим, гаталецот (тоа е, всушност, значењето на неговото име), им се спротивстави,+ настојувајќи да го одврати проконзулот од верата. 9 А Савле, кој се викаше и Павле, откако се исполни со свет дух, продорно го погледна 10 и рече: „Сине ѓаволски,+ полн со секаква измама и пакост, непријателу на секоја праведност, зарем нема да престанеш да ги искривуваш правите Јеховини патишта? 11 И затоа, еве, Јеховината рака доаѓа врз тебе: ќе ослепиш и некое време нема да го гледаш сонцето“. И веднаш падна на него густа магла и темнина, па одеше наоколу барајќи луѓе за да го водат за рака.+ 12 Тогаш проконзулот,+ откако виде што се случи, стана верник, бидејќи беше восхитен од Јеховиното учење.
13 А Павле и оние што беа со него испловија од Пафос и стигнаа во Перга, во Памфилија.+ Но Јован+ ги напушти и се врати+ во Ерусалим. 14 А тие заминаа од Перга и дојдоа во Антиохија, во Писидија, и на саботен* ден влегоа во синагогата+ и седнаа. 15 По јавното читање на Законот+ и на Пророците, настојниците+ на синагогата испратија по нив, велејќи: „Луѓе, браќа, ако имате некаков збор на охрабрување за народот, кажете го!“ 16 Тогаш Павле стана, даде знак со раката+ и рече:
„Луѓе, Израелци и вие останатите, кои се боите од Бог, чујте!+ 17 Богот на овој народ, на Израел, ги избра нашите прататковци и го возвиши народот додека беа дојденци во египетската земја, и ги изведе од неа со подигната рака.+ 18 И околу четириесет години+ ги поднесуваше во пустината. 19 Откако погуби седум народи во ханаанската земја, ја раздели со ждрепка нивната земја.+ 20 Сето тоа се случи за околу четиристотини и педесет години.
И потоа им даде судии до пророкот Самоил.+ 21 А тогаш побараа цар,+ и Бог им го даде Саул, синот на Кис, човек од Венијаминовото племе,+ за четириесет години. 22 И откако го отстрани него,+ за цар им го подигна Давид,+ за кого посведочи: ‚Го најдов Давид, Јесеевиот син,+ човек по моето срце,+ кој ќе направи сѐ што сакам‘.+ 23 Од неговото потомство+ Бог, според своето ветување, му доведе на Израел спасител,+ Исус. 24 Пред неговото доаѓање,+ Јован+ му проповедаше на целиот израелски народ дека треба да се крсти во знак на покајание. 25 А кога Јован ја довршуваше својата служба, велеше: ‚Што мислите, кој сум јас? Јас не сум оној за кој ме сметате. Туку еве, по мене доаѓа оној кому јас не сум достоен да му ги одврзам сандалите на нозете‘.+
26 Луѓе, браќа, синови од Авраамовата лоза и вие останатите кои се боите од Бог, нам ни е испратена таа вест за спасение.+ 27 Зашто, жителите на Ерусалим и нивните поглавари не го препознаа,+ туку со својата пресуда го исполнија она што го говореа Пророците,+ а кое на глас се чита секоја сабота. 28 Иако не најдоа ништо со кое би заслужил смрт,+ бараа од Пилат да го погуби.+ 29 А кога извршија сѐ што беше напишано за него,+ го симнаа од столбот*+ и го положија в гроб.+ 30 Но Бог го подигна од мртвите,+ 31 и тој многу денови им се појавуваше на оние што отидоа со него од Галилеја во Ерусалим, а кои сега се негови сведоци пред народот.+
32 И така ние ви ја објавуваме добрата вест за ветувањето дадено на прататковците,+ 33 дека Бог во потполност ни го исполни нам, нивните деца, со тоа што го воскресна Исус,+ како што е напишано во вториот псалм: ‚Ти си мој син, јас денес ти станав Татко‘.+ 34 А дека го воскресна од мртвите и дека повеќе нема да се врати во распадливост, Бог го изрази вака: ‚Ќе ја покажам кон вас милоста* што му ја ветив на Давид‘.+ 35 Затоа и во еден друг псалм вели: ‚Нема да дозволиш твојот лојален слуга да види распаѓање‘.+ 36 Всушност, Давид+ во своето поколение ѝ служеше на Божјата волја, умре* и го положија кај неговите прататковци и виде распаѓање.+ 37 А оној кого Бог го воскресна не виде распаѓање.+
38 Затоа браќа, знајте дека преку него ви се објавува простување на гревовите+ 39 и дека преку него секој што верува е прогласен за невин+ за сето она за кое не можевте да бидете прогласени за невини+ преку Мојсеевиот закон. 40 Затоа, гледајте да не дојде на вас она што е речено во Пророците: 41 ‚Гледајте, вие кои имате презир, чудете се и исчезнете! Зашто, јас правам дело во вашите денови во кое не би поверувале дури и ако некој ви раскаже сѐ за него‘ “.+
42 А кога излегуваа, народот ги молеше да им зборуваат за тоа наредната сабота.+ 43 И откако беше распуштен собирот во синагогата, многу Евреи и богобојазливи преобратеници во еврејската вера* тргнаа по Павле и Варнава,+ кои во разговор ги поттикнуваа+ да останат достојни за Божјата незаслужена доброта.+
44 Следната сабота се собра речиси целиот град да ја чуе Јеховината реч.+ 45 А кога Евреите го здогледаа мноштвото, полни со љубомора+ почнаа со хулење да противречат на она што го зборуваше Павле.+ 46 Тогаш Павле и Варнава смело им рекоа: „Речта Божја требаше најпрво вам да ви биде кажана.+ Но бидејќи вие ја отфрлате+ и не се сметате себеси за достојни за вечен живот, еве, одиме кај незнабошците.+ 47 Зашто, Јехова вака ни заповеда: ‚Те поставив за светлина на народите,*+ да бидеш спасение до крајот на земјата‘ “.+
48 Кога го чуја тоа, незнабошците се израдуваа и почнаа да ја слават Јеховината реч.+ И сите кои исправно гледаа на вечниот живот станаа верници.+ 49 А Јеховината реч сѐ повеќе се ширеше по целиот тој крај.+ 50 Но Евреите+ ги подбуцнаа угледните жени кои го почитуваа Бог, како и водечките мажи од тој град, па тие почнаа да ги прогонуваат+ Павле и Варнава и ги истераа од својот крај. 51 А тие го истресоа правот од своите нозе за сведоштво против нив+ и отидоа во Иконија. 52 А учениците беа полни со радост+ и со свет дух.