Јов
5 Повикај, те молам! Дали некој ќе ти се одгласи?
Кому од светите* ќе му се обратиш?
2 Зашто, гневот ќе го убие глупавиот,
а зависта ќе го усмрти поводливиот.
3 Јас видов како глупавиот пушта корен,+
но одеднаш почнав да го проколнувам неговото живеалиште.
4 Неговите синови остануваат далеку од спасението,+
ги сотираат на градската порта, а нема кој да ги избави.
5 Гладниот го јаде неговиот род,
му го граба и месото што тој го чува за себе,
и стапица го проголтува имотот на неговото семејство.
6 Зашто, злото не избива од правта,
и неволјата не никнува од земја.
7 Туку човекот се раѓа за неволја,
како што искрите летаат угоре.
8 Но, јас би му се обратил на Бог,
пред Бог би го изнел својот случај;+
9 пред оној што прави големи дела, кои не може да се истражат,
чудеса на кои им нема број;+
10 пред оној што дава да паѓа дожд по лицето на земјата,+
испраќа води во полињата;+
11 пред оној што ги крева на високо понижените,+
па нажалените се воздигнуваат до спасение;
12 пред оној што ги осуетува сплетките на лукавите,+
па немаат успех во она што го прават со своите раце;
13 пред оној што ги фаќа мудреците во нивното лукавство,+
па замислата на препредените се покажува непромислена,+
14 та и дење наидуваат на мрак,
пипаат на пладне како да е ноќ;+
15 пред оној што спасува од мечот кој излегува од устата на злобниците,
го спасува сиромавиот од рацете на силниот,+
16 па бедниот добива надеж,+
а неправдата ја затвора својата уста.+
18 Зашто, тој ранува, но и ја преврзува раната;
крши, но со своите раце и лекува.
20 Во глад ќе те откупи од смртта,+
а во војна — од мечот.
21 Ќе бидеш скриен од јазикот што бие со зборови,+
нема да се плашиш од пустошењето кога ќе дојде.
22 Ќе им се смееш на пустошењето и на гладот,
нема да се плашиш од земни ѕверови.
23 Зашто, ќе бидеш во сојуз со полските камења
и полскиот ѕвер ќе живее во мир со тебе.+
24 Ќе гледаш мир во својот шатор,
ќе го обиколуваш своето пасиште и ќе видиш дека твојот имот е недопрен.
26 Уште ќе имаш сила кога ќе отидеш во гробот,+
како кога се собираат снопови на куп во свое време.
27 Ете, тоа го утврдивме, и така е.
А ти чуј го ова и увери се дека е така!“