Јов
4 Им станав за потсмев на своите ближни,+
човек кој го повикува Бог да му одговори.+
За потсмев е праведникот, непорочниот* човек.
5 Безгрижниот човек ѝ се исмејува на пропаста,+
мислејќи дека тоа ги чека оние на кои им се тресат нозете.+
6 Шаторите на разбојниците се спокојни,+
оние што го гневат Бог исто така се безбедни,
како и оние што си го носат в рака својот бог.+
7 Но, прашај ја, те молам, стоката, и таа ќе те поучи,+
и небесните крилести суштества, и тие ќе ти кажат!+
9 Кој од сите нив не знае
дека сето тоа го направила раката на Јехова?+
10 А во негова рака е душата+ на сѐ живо
и духот на секое човечко тело.+
14 Еве, она што тој ќе го урне, не може да се изгради;+
она што тој ќе го затвори пред човекот, не може да се отвори.+
16 Во него се силата и мудроста,*+
негов е и оној што греши и оној што ги заведува другите.+
17 Тој ги наведува советниците да одат боси+
и ги полудува судиите.
18 Им ги разврзува врските на царевите+
и им ги препашува колковите со појас.
19 Ги наведува свештениците да одат боси+
и ги соборува оние што заседнале на своите места.+
20 Им го зема зборот на доверливите советници
и им ја одзема разумноста на старците.
21 Излева презир врз достоинствениците+
и им го распашува појасот на моќните.
22 Тој ги разоткрива длабочините од темнината+
и ја изведува на светлина густата темнина.
23 Тој ги прави народите големи, а потоа ги сотира;+
ги шири народите, а потоа ги одведува во изгнанство.
24 Тој им го одзема разумот* на главатарите на земниот народ,*
па ги остава да талкаат по пусти места,+ каде што нема пат.