Изреки
23 Ако седнеш да јадеш со царот, добро внимавај што има пред тебе+ 2 и стави си нож под грлото ако имаш лакома душа.+ 3 Немој да се полакомиш по неговите вкусни јадења, зашто таа храна е измамлива.+
4 Не труди се да стекнеш богатство.+ Не потпирај се на сопствениот разум.*+ 5 Зарем ќе ги насочиш очите кон богатството, иако исчезнува за миг?+ Зашто, тоа си прави крилја како на орел и летнува кон небото.+
6 Не јади кај оној што нема дарежливо око+ и немој да се полакомиш по неговите вкусни јадења.+ 7 Зашто, каков што е оној што е пресметлив во душата, таков е и овој.+ Ти вели: „Јади и пиј“ — но срцето негово не е со тебе.+ 8 Залакот што си го изел, ќе го повратиш, и залудно ќе си ги потрошиш љубезните зборови.+
9 Не зборувај пред безумник,+ зашто тој ќе ги презре твоите разборити зборови.+
10 Не преместувај ги старите меѓи+ и не влегувај во нивата на деца без татко.+ 11 Зашто, силен е нивниот Откупител, тој ќе ја води нивната парница против тебе.+
12 Приклони го срцето кон опомените* и увото кон зборовите полни со знаење.+
13 Не скратувај му опомени* на детето.+ Ако го удриш со прачка, нема да умре. 14 Удри го со прачка за да му ја избавиш душата од гробот.*+
15 Сине мој, ако твоето срце биде мудро,+ моето срце ќе се радува во мене.+ 16 Моите бубрези* ќе се веселат кога твоите усни ќе го кажуваат она што е исправно.+
17 Срцето твое нека не им завидува на грешниците,+ туку по цел ден имај страв од Јехова.+ 18 Зашто, тогаш ќе имаш иднина+ и твојата надеж нема да пропадне.+
19 Сине мој, слушај и биди мудар, и води го срцето свое по правиот пат.+
20 Не биди меѓу оние што се опиваат со вино,+ ниту меѓу оние што лакомо јадат месо.+ 21 Зашто, пијаницата и изедникот осиромашуваат,+ и дремливоста ќе го облече човекот во партали.+
22 Слушај го својот татко, својот родител,+ и не презирај ја мајка си кога ќе остари.+ 23 Купувај ја вистината+ и немој да ја продаваш — купувај мудрост, поука* и разборитост.*+ 24 Ќе се радува таткото на праведникот,+ и родителот на мудриот ќе се весели.+ 25 Ќе се веселат татко ти и мајка ти, ќе се весели онаа што те родила.+
26 Сине мој, дај ми го срцето, и твоите очи нека се радуваат на моите патишта.+ 27 Зашто, блудницата е длабока јама,+ и прељубницата* — тесен бунар. 28 Навистина, таа демне+ како разбојник и меѓу луѓето го зголемува бројот на оние што постапуваат неверно.+
29 Кому маки? Кому немир? Кому караници?+ Кому грижи? Кому рани без причина? Кому матни очи? 30 На оние што остануваат долго покрај виното,+ на оние што одат и бараат опојно вино.+ 31 Не гледај на виното кога се црвенее, кога светка во чашата, кога се лизга толку лесно. 32 На крајот каснува како змија,+ пушта отров како отровница.+ 33 Очите твои ќе гледаат чудни глетки и срцето твое ќе зборува за изопачени работи.+ 34 И ќе бидеш како оној што лежи среде морето и како оној што лежи на врв на јарбол.+ 35 Ќе речеш: „Ме тепаа, но ништо не ме боли, ме удираа, но ништо не осетив. Кога ќе се разбудам+ за повторно да барам пијачка?+“