Јона
1 Речта Јеховина му дојде на Јона,+ синот на Аматиј: 2 „Стани, оди во Ниневија,+ големиот град, и објави им осуда на неговите жители, зашто лошотијата нивна стигна до мене“.+
3 И Јона стана за да избега во Тарсис,+ далеку од Јехова.+ Кога слезе во Јопа,+ најде брод што одеше за Тарсис. Ја плати возарината и се качи на него за да оди со нив во Тарсис, далеку од Јехова.
4 А Јехова подигна силен ветар на морето,+ и на морето настана толку голема бура+ што изгледаше дека бродот ќе се разбие. 5 Морнарите се исплашија и секој почна да го повикува на помош својот бог.+ И ги фрлаа во морето работите што беа на бродот за да го олеснат.+ А Јона беше слегол долу, под палубата на бродот, па легнал и цврсто заспал.+ 6 Најпосле, кај него дојде капетанот на бродот и му рече: „Што ти е тебе, спанко? Стани, повикувај го својот бог!+ Можеби вистинскиот Бог ќе се погрижи за нас, па нема да изгинеме“.+
7 И тие почнаа да си велат еден на друг: „Ајде да фрлиме ждрепка+ за да дознаеме поради кого нѐ снајде оваа несреќа“.+ Така, фрлаа ждрепка, и ждрепката падна на Јона.+ 8 Тогаш му рекоа: „Кажи ни, те молиме, поради кого нѐ снајде оваа несреќа?+ Со каква работа се занимаваш и од каде доаѓаш? Од која земја си и од кој народ?“
9 А тој им рече: „Јас сум Евреин,+ и го почитувам Јехова,+ Богот на небесата,+ Оној што ги направи морето и копното“.+
10 Тогаш луѓето многу се исплашија, па му рекоа: „Што си направил?“+ Зашто, тие луѓе дознаа дека тој бега од Јехова, како што тој самиот им кажа. 11 На крајот го прашаа: „Што да направиме со тебе+ за да ни се смири морето?“ Зашто, морето стануваше сѐ поразбранувано. 12 А тој им рече: „Земете ме и фрлете ме в море, па ќе ви се смири морето. Зашто, знам дека поради мене се крена на вас оваа голема бура“.+ 13 Но луѓето и понатаму се бореа со бурата, обидувајќи се да го вратат бродот до копното, но не можеа, бидејќи бурата на морето беснееше сѐ повеќе.+
14 И тогаш почнаа да го повикуваат Јехова:+ „О Јехова, те молиме, не дозволувај да загинеме поради душата на овој човек! Немој да ставаш невина крв врз нас,+ зашто ти, Јехова, правиш како што сакаш!“+ 15 Потоа го зедоа Јона и го фрлија во морето, и морето престана да беснее.+ 16 Тогаш луѓето ги обзеде голем страв од Јехова,+ па му принесоа жртва на Јехова+ и се заветуваа.+
17 А Јехова испрати една голема риба да го голтне Јона,+ па Јона беше во утробата на рибата три дена и три ноќи.+