Езекиел
21 И повторно ми дојде Јеховината реч: 2 „Сине човечки, сврти го лицето кон Ерусалим и нека ти потечат зборовите+ кон светите места+ и пророкувај против земјата на Израел!+ 3 И речи ѝ на земјата на Израел: ‚Вака вели Јехова: „Еве, доаѓам против тебе!+ Ќе го извлечам својот меч од ножницата+ и ќе го истребам од тебе и праведникот и злосторникот.+ 4 За да ги истребам од тебе праведникот и злосторникот, мојот меч ќе излезе од ножницата и ќе удри на секој човек од југ до север.+ 5 И сите луѓе ќе знаат дека јас, Јехова, сум го извлекол својот меч од ножницата,+ и тој нема повеќе да се врати во неа“ ‘.+
6 А ти, сине човечки, воздивнувај и нека ти се тресат бедрата!+ Тешко воздивнувај пред нивни очи!+ 7 А ако те прашаат: ‚Зошто воздивнуваш?‘+ — речи им: ‚Поради веста‘.+ Зашто, таа ќе стигне+ и секое срце ќе се растопи+ и сите раце ќе премалат, секој ќе биде со потиштен дух и по секое колено ќе тече вода.*+ ‚Еве, ќе дојде+ и ќе се случи‘, вели Севишниот Господар Јехова“.
8 И повторно ми дојде Јеховината реч: 9 „Сине човечки, пророкувај и речи: ‚Вака вели Јехова: „Речи: ‚Меч, меч!+ Наострен+ е и светнат. 10 Наострен е за колеж, светнат е за да блеска‘ “ ‘ “.+
„Но зар немаме причина да се радуваме?“+
„ ,Се отфрла ли жезолот+ на мојот син+ како да е некое обично дрво?+
11 Светнат е за да се употреби. Мечот е наострен и светнат, за да му се стави в рака на убиецот.+
12 Лелекај и плачи горко,+ сине човечки, зашто доаѓа против мојот народ,+ против сите поглавари на Израел!+ Тие се фрлени под меч заедно со мојот народ.+ Затоа, удри од тага по бедрото!+ 13 Зашто, испитот веќе помина,+ но што ќе се случи со жезолот ако мечот го отфли?+ Жезолот ќе го снема‘,+ вели Севишниот Господар Јехова.
14 А ти, сине човечки, пророкувај и плесни со рацете вчудовидено,+ и повтори трипати:+ ‚Меч!‘ Тоа е меч што убива. Тоа е меч што ги убива големците и ги опколува.+ 15 Ќе извршам колеж со мечот за да се растопи срцето+ и да има многу што ќе испопаѓаат на сите нивни порти.+ Леле, направен е да блеска, светнат е за колеж!+ 16 Биди остар,+ оди надесно! Постави се, оди налево! Оди таму каде што ќе се свртиш со лицето! 17 А јас налутено ќе плеснам со рацете,+ и ќе го излеам својот гнев.+ Јас, Јехова, реков така.“
18 И повторно ми дојде Јеховината реч: 19 „А ти, сине човечки, нацртај си два пата по кои може да појде мечот на вавилонскиот цар!+ Од една земја нека излегуваат обата. Направи и патоказ+ и постави го на почетокот од патот што води во градот. 20 Нацртај еден пат по кој мечот доаѓа против Рава+ на Амоновите синови и друг по кој доаѓа против Јуда, против утврдениот Ерусалим.+ 21 Зашто, царот на Вавилон стои на раскрсницата, каде што почнуваат двата пата, и таму гата.+ Ги истресува стрелите, ги прашува домашните идоли,+ гледа на црн дроб. 22 Гатањето во неговата десница го упати против Ерусалим, за да постави справи* за пробивање ѕидови,+ да заповеда колеж, да огласи тревога,+ да постави пред портите справи за пробивање, да подигне опсаден насип, да изгради опсаден ѕид.+ 23 А на оние од народот што се беа обврзале со заклетви дека ќе им служат,+ тоа им изгледаше како невистинито гатање.+ Но царот мисли на нивниот престап,+ па ќе бидат фатени.+
24 Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Затоа што го свртувате своето внимание кон своето беззаконие, и ги разоткривате своите престапи за да се видат вашите гревови во сѐ што правите, да, затоа што го свртувате вниманието кон себе,+ ќе ве зграпчи раката‘.+
25 А тебе, смртно ранет, зол поглавару+ на Израел,+ чиј ден дојде во времето на конечната казна за престап,+ 26 вака ти вели Севишниот Господар Јехова: ‚Извади го турбанот и симни ја круната!+ Ќе дојде до промена.+ Возвиши го она што е ниско,+ понижи го возвишениот!*+ 27 Ќе ја уништам, ќе ја уништам, ќе ја уништам круната,+ и таа нема да биде ничија сѐ додека не дојде оној што според законот има право на неа,+ и нему ќе му ја дадам‘.+
28 А ти, сине човечки, пророкувај и речи: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова за синовите на Амон и за нивното исмејување‘. И речи: ‚Меч, меч е извлечен за колење, светнат е да проголтува, да блеска,+ 29 бидејќи те мамат со своите виденија, зашто ти гатаат лага,+ за да те фрлат врз другите убиени, врз злите чиј ден дојде во времето на конечната казна за престап.+ 30 Врати го во ножницата! На местото каде што си создаден, во земјата каде што си настанал,+ ќе ти судам. 31 Ќе ја излеам врз тебе својата осуда. Со огнот на својот гнев ќе дувнам врз тебе+ и ќе те предадам во рацете на неразумни луѓе, вешти во погубување.+ 32 Огнот ќе те проголта.+ Твојата крв ќе тече среде земјата. Ќе бидеш заборавен, зашто јас, Јехова, реков така‘ “.+